ENV.net анкета: алатка за поддршка на заштитата на животната средина во Македонија
Овој прашалникот е дел анкетата што се спроведува во рамките на ENV.net проектот (*),финансиран од Европската Унија со цел да се поттикне учество и да се промовираат активностите на непрофитните организации кои работат на полето на  животната средина во Албанија, Косово, Србија, Турција и Македонија.

Очекуваниот резултат од овој проект е да ја валоризира работата на вработените и волонтерите кои работат во овие организации и општо за поддршка на граѓанското општество, преку учество на јавни настани, семинари и обуки, со цел поголемо  влијание врз националните реформски процеси во секторот на животната средина кон интеграција во Европската унија (т.н. "приближување кон законодавството на животната средина).(acquis).

Поради оваа причина проектниот тим ENV.net работи на идентификација на расположливите капацитети, предности и предизвици на активните непрофитни организации кои работат на промоција и заштита на животната средина за подобро планирање на реални и корисни активности во корист на граѓанското општество во западен Балкан и Турција.

Ова истражување исто така има цел да ги детектира  потенцијалните можности за соработка со организациите кои се активни во областа на животната средина, што секако ќе придонесе за подобро организирање на планираните активности на  ENV.net. Во таа смисла, ENV.net проектот одвои одредени средства за финансирање на мали иновативни проекти, па оттука, веруваме дека овој прашалник е важна алатка за соберање идеи и воспоставување контакти со оние организации кои  се заинтересирани да бидат дел од оваа иницијатива

Ве молиме имајте предвид дека сите собрани информации ќе бидат третирани како доверливи. Општите информации за организацијата (Дел А од прашалникот) и за тековните проекти / иницијативи (прашања 12 од делот Б), доколку дадете согласност (видете го прашањето 22) може да бидат објавени на веб страницата на  ENV.net, со цел да ги  промовираме иницијативите на вашите организации.

Би сакале однапред да Ви се заблагодарам за Вашата соработка и се надеваме дека ќе имаме можност за идна соработка. Не двоумете се да не контактирате за дополнителни информации за нашиот проект: s.pogliani @ puntosud.org (Координатор на ENV.net мрежата).

Проектниот тим ENV.net


(*) Проектот е насловен "Развој на ENV.net во Западен Балкан и Турција: давање на граѓаните глас за да влијаат на процесот на реформи за животната средина за што поскора интеграција во ЕУ". За повеќе информации видете на http://www.tacso.org/doc/130110_information-sheet-ENV.NET-project_REVISED.pdf 
Sign in to Google to save your progress. Learn more
A. Општи информации
Во овој дел на прашалникот се бараат општи информации за организацијата
1. Име на организацијата - фондацијата *
Година на основање на организацијата - фондацијата *
Адреса на организацијата *
Ве молиме наведете ги следниве податоци: улица, број, град, поштенски број
Телефонски број на организацијата *
Број на факс на организацијата
 E-mail адреса на организацијата *
 Веб страна на организацијата
2. Тип на Вашата организација *
Ве молиме одберете само една опција / одговор
3. Име и презиме на одговорното лице во организацијата - фондацијата *
E-mail на лицето за контакт од организацијата *
Позија на лицето за контакт *
Б. Носечки активности на Вашата организација во областа на животната средина
Во овој дел би сакале да дознаеме повеќе за Вашата организација, со цел да се идентификуваат можности за соработка со нашиот проект
4. Ве молиме со неколку збора објаснете ја главната цел и мисија на Вашата организација *
5. Дали Вашата организација е вклучена во тековни активности (или кои се планирани да почнат од 2014) на една или повеќе од наведените теми за животна средина (ЕУ законодавство за животната средина)? *
Required
Ве молиме објаснете што прави (или има направено) Вашата организација во рамките на овие теми?
Ве молиме наведете неколку детали во полето подолу
6. Во однос на горенаведените теми, дали Вашата организација го следи националниот процес за постигнување на ЕУ стандардите за животна средина (така  нареченото „приближување кон ЕУ законодавството за животна средина“). Доколку да, може ли да објасните како?
Ве молиме објаснете дали ги следите извештите за напредок или имате дадено свој придонес за нивното подготвување
7. Од Вашето искуство, кои се главните потешкотии, пречки и проблеми кои претставуваат ризик за животната средина во Вашата земја?
8. Дали Вашата организација во моментов го следи националниот напредок кон примена на законодавството на ЕУ за животната средина (acquis) во Вашата земја? *
9. Според Вашето видување, каква е фактичката состојба со примената на законодавството на ЕУ за животната средина (acquis) во Вашата земја? *
Незадоволително
Задоволително
Добро
Не знам
Националното законодавство во сила
Имплементација на националното законодавство
Вклучување на прашања од областа на животната средина во политичката агенда
Политички активности за заштита на природата и одржливиот развој
Ве молиме дајте појаснување на Вашите претходни одговори
10. Дали Вашата организација е вклучена во една или повеке од наведениве активности? *
Required
Ве молиме да ни кажете за Вашето искуство при спроведување на горенаведените активности (доколку сте спроведувале некои од нив)?
11. Дали Вашата организација има некоја тековна соработка или дијалог со Владата и нејзините тела во поглед на имплементацја на Вашите активности? *
Ве молиме на кратко опишете го Вашето искуство (пример: добри практики, но и проблеми), во поглед на тековните / минатите односи и релации со владините тела или локалните власти?
12.Според Вас, кои иницијативи (настани, проекти, активности) имплементирани од Вашата организација имале или имаат позитивно влијание во поглед на ЕУ законодавството за животна средина (EU acquis)?
Ве молиме наведете линк до релевантните веб-страници, доколку ги има
13. Дали сте запознаени за кои било други тековни / идни настани, иницијативи, проекти реализирани од страна на други организации во Вашата земја?
Ве молиме наведете линк до релевантните веб-страници, доколку ги има
В. Зголемување на ефикасноста на Вашата организација
Во овој дел би сакале да ги собереме Вашите предлози за изработка на соодветна програма за обука и општо за стратегијата на проектот за јакнење на капацитетите во полза на организациите на граѓанското општество од регионот
14. Дали клучните лица од Вашата организација (или волонтерите) присуствувале на некоја обука на следните теми? *
Required
Доколку сте посетувале обуки за некоја од горенаведените теми, дали истите имале позитивно влијание на Вашата организација?
Дали сте се стекнале со знаења корисни за Вашата секојдневна работа? Исто така, наведете релевантен линк до веб-страници за обуките, доколку ги има
15. Дали Вашата организација е заинтересирани да  учествува на обуките планирани од страна на ENV.net ? *
16.Според Ваше мислење, кои од подолу наведените теми за обуки посочени од  ENV.net можат да бида покриени? *
Required
17. Покрај обуките, која од подолу наведените услуги предвидени со ENV.net проектот би била од важност за Вашата организација? *
Required
Г. Вашата организација и граѓанското општество
Во овој дел би сакале да дознаеме дали Вашата организација е дел од мрежи и на какви заеднички иницијативи работите. Овој дел е исто така важно за да дознаеме за Вашиот интерес за соработка со нашиот проект
18.Дали Вашата организација е дел од една или повеќе национални или меѓународни мрежи? *
Доколку да, Ве молиме опишете ги главните активности на мрежите и која е улогата на Вашата организација како нивна членка?
Ве молиме наведете го името, веб-страницата / е-меилот (доколку ги има), главните активности на мрежата и за улогата на Вашата организација и искуството како нејзина членка
19. Според Вас, какво дополнително влијание може да имаат невладините организации во процесот на носење одлуки во Вашата земја во полгед на остварување на ЕУ еколошките стандарди (acquis)? *
Никакво влијание
Многу позитивно влијание
Ве молиме да дадете повеќе информации и појаснување за Вашиот претходен одговор
Ве молиме изложете ги Вашато гледиште и предлози!
20. Во поглед на остварувањата на ЕУ еколоските стандарди (acquis), според Ваше мислење какво влијание и улога можат да имаат невладините организации во предстојните акции? *
од 1 (никаква улога) до 5 (многу корисна улога)
1
2
3
4
5
Следење на политиките на Владата и барање одговорност на државата пред граѓаните
Соработка со власта за спроведување на конкретни планови за акција
Лобирање на власта / владини тела за да се донесат закони кои се сметаат за важни за интересите на граѓанското општество
Развивање медиумски кампањи и нови социјални технологии (пр. викија и блогови) за информирање / едуцирање на граѓаните и лобирање за обезбедување јавни услуги
Соработка со медиумите за да се здобијат со вештини кои можат да бидат применети за подготвка и спроведување на јавни кампањи
Дали би сакале да дадете дополнителен коментар на претходниот одговор?
21. Според Вас,  кои активности се најефективни (со најголем успех) што невладини организации може ги преземат за да влијаат врз креаторите на политикире во Вашата земја (во однос на животната средина)? *
Required
Дали би сакале да дадете дополнителен коментар за успешноста на избраните активности?
Д. Заклучок
Речиси сме на крајот ... само уште неколку прашања за да ни помогнете во собирање на корисни информации ....
22. Дали се согласувате информациите содржани во делот А и одговорот на прашањето 12 да бидат објавени на веб страницата на ENV.net? *
Ве молиме одберете еден одговор од листата
23. Дали Вашата организација сака да соработува на една или повеќе од следниве активности планирани во рамките на ENV.net проектот за следните две години? *
Please tick the activity(ies) of your interest
Required
24. Дали Вашата организација би сакале да учествува во повикот за предлог проекти за да добие грант од ENV.net проект за имплементација на некои приклучат активности? *
Ви благодариме за времето што ни го посветивте. Ќе ги споделиме со Вас  резултатите од нашата анкета! А сега, Ве молиме чувствувајте се слободни да  додадете коментари, прашања и предлози во врска со прашалникот, за ENV.net проектот, и сл. Однапред се радуваме на соработката со Вас!
Submit
Clear form
Never submit passwords through Google Forms.
This form was created inside of Fondazione punto.sud. Report Abuse