1 of 14

Заштита и безбедност на децата и нивните права на интернет (CRISP)

Едукативна презентација

Место, датум

2 of 14

Интернетот – извор на корисни информации, но и на опасности!

За да можете да придонесете во заштитата на децата од опасности на интернет, најпрво мора да бидете добро информирани.

3 of 14

Интернет – основни поими

  • Интернетот (интернет мрежата) е широка и сеопфатна мрежа која ги поврзува луѓето и информациите од целиот свет преку компјутерите.
  • World Wide Web или WWW е дел од интернетот кој вклучува слики, звуци и текстови.
  • Онлајн (online) значи да се биде поврзан на интернет.
  • Сурфање по интернет значи да се пребаруваат и бараат информации кои може да се најдат на интернет.

4 of 14

Што децата најчесто �прават додека се на Интернет?

  • Комуницираат со други деца
  • Посетуваат сајтови со забавни содржини: игри, хороскоп, информации и озборувања за луѓето од шоу бизнисот, занимливости и сл.
  • Го користат како извор на информации за училишните проекти и домашните задачи

5 of 14

Добри и лоши страни �на интернетот

6 of 14

Добри страни:

  • Бесконечен извор на информации
  • Неограничен извор на забавни содржини
  • Големи можности за комуникација

7 of 14

Лоши страни:

  • Обезбедува анонимност – секој може да си го скрие својот идентитет на интернет
    • Онлајн предатори - луѓе кои психички ги вознемируваат (заплашуваат) и физички ги малтретираат децата преку интернет
  • Не постои ограничување за содржините кои можат и смеат да се објавуваат - неадекватни содржини за децата
  • Постојат вируси и хакери
  • Постојат законски и финансиски опасности

8 of 14

Која е вашата улога?

  • Вашата примарна грижа треба да биде надгледување на активностите на децата додека користат интернет во училиште и создавање позитивни навики за негово користење. Притоа, целта не е да им се забрани користењето на интернет во надеж дека така ќе бидат безбедни.
  • Треба секогаш да бидете на располагање за ученикот кој искусил некаков проблем или доживеал нешто непријатно на интернет и да направите сé што е во ваша моќ да го заштитите и да му помогнете.
  • Треба да одржувате специјални часови со цел истакнување на основните правила за безбедно користење на интернетот кои учениците треба да ги запомнат.
  • Треба да им помагате на родителите во едукацијата на нивните деца (посочување едукативни материјали).

9 of 14

Предупредете ги учениците!

Три главни ризици на интернет

  • Несоодветни контакти – Учете ги децата да ги препознаваат сајбер измамниците, хакерите, крадците на информации и предаторите и да се заштитат од контакти со нив. Кажете им дека луѓето не се секогаш такви како што се претставуваат на интернет. Интернетот е место за подобрување на постоечките врски, а не место за среќавање нови луѓе.
  • Несоодветни содржини – Ова се однесува на содржините кои децата ги гледаат додека се на интернет, како и на оние кои тие ги оставаат. Помогнете им на децата да сфатат дека интернетот е засекогаш: сé што ќе постават онлајн се бележи и зачувува и тоа може да ги следи во нивните идни интервјуа за работа како и при аплицирање на факултет.
  • Несоодветно однесување – Бидејќи веб средината може да дава чувство на анонимност, многу деца стануваат послободни кога се онлајн. Учете ги децата дека интернетот е јавен форум: анонимноста е мит. Помогнете им да бидат добри личности онлајн како што се кога се офлајн. Појаснете им дека правилата за добро однесување кои важат во секојдневниот живот важат и во онлајн средината.

10 of 14

Учениците мора да запомнат...

За децата од основно училиште (до 10 години) � �„Наjважно е да останам безбеден/на, да се држам настрана од непознати на интернет и да продолжам да им кажувам на моите родители што ми се случува додека сум онлаjн.“

За учениците-тинејџери��„Морам да го заштитам моето име, идентитет и репутациjа.“

11 of 14

Идеи за организација на час

  • Организирање игри
  • Предавање со помош на презентации
  • Делење едукативни материјали
  • Развивање дискусија преку поставување прашања и поттикнување одговори со користење примери
  • Играње улоги за време на училишниот час или пак изведување драмски претстави на ниво на целото училиште
  • Работа на час со користење на претходно подготвени материјали: интерактивни квизови, испечатени задачи, вежба за чет комуникација и сл.
  • Стимулирање на учениците за изработка на проекти и веб-сајтови

12 of 14

Како да заокружите �со сериjата часови за БКИ?

  • Дизаjнираjте заедно со учениците постер коj ќе го закачите во училницата, а коj ќе ги содржи основните правила за безбедност на интернет.
  • Предложете им на учениците да ги пишуваат овие правила со jазикот што го користат додека четуваат онлаjн или кога пишуваат смс пораки.
  • Охрабрете ги вашите ученици да напишат стихотворба или рап песна за безбедно користенье на интернет.
  • Дискутираjте за мобилните телефони и предупредете ги учениците дека треба да бидат претпазливи кога оставаат лични информации од своjот мобилен телефон.
  • Со учениците-тинејџери можете да разговарате за: користење на слики од интернет со заштитени авторски права, како да jа проверуваат веродостоjноста на информациите на интернет, како можат да се вклучат во некои позитивни заеднички проекти на интернет и сл.

13 of 14

  • Готови материјали
    • Презентации
    • Вежби за чет комуникација
    • Сценарија за играње улоги
    • Публикации
  • Изработете нешто сами или заедно со вашите ученици
    • Практични вежби за извлекување поука
    • Практични вежби за проверка на ставовите и свесноста на учениците за потребата од БКИ
    • Производи со правила и поуки (постери, десктоп позадини, цртежи и сл.)

Ресурси

14 of 14

www.bezbednonainternet.org.mk