Video killed the radio star? Не!
Радио МОФ и оваа година го објавува повикот за нови подкасти и водители на онлајн радиото.
Ова е супер можност за оние кои можат да зборуваат „со саати“ на некоја тема, а бараат платформа. Онлајн етерот на Радио МОФ е токму тоа место за сите доволно храбри и желни да имаат своја радио емисија.
Избери своја тема од интерес, пополни го овој формулар и дај ни увид во твоите интереси, без разлика дали тие се за технологија, екологија, спорт, музика, гејминг, филмови или општествена критика.
Одговори ги прашањата подолу и подготви се за „аудицијата“ во студиото на Радио МОФ.