ПлоштАрт е повеќе од прослава на музиката и уметноста - главната идеја е да создадеме бескрајно игралиште каде забавата, музиката, креативноста и заедничкото создавање се клучна цел и каде сите заедно ќе се чувствуваме слободни да се „исклучиме“ и изразиме по своја волја.
Во склопот на ПлоштАрт ќе се оствари мала изложба на продукти од брендовите во Македонија кои се заинтересирани да ги прикажат своите изработки, да се промовираат и да заработат.