"THE MUSEUM I DIDN'T ASK FOR"
Добредојдовте во галеријата на непобарани уметности.

Сакам да ви претставам еден концепт каде што жртвите на родово-базирано насилство, како и сексуално насилство и вознемирување ќе можат да ги споделат своите приказни. Ќе ги опфаќа личните доживувања на жртвите како и одредени предмети што ги потсетуваат на насилството (може да биде било што, облека, аксесоар, џебен солзавец - pepper spray, песна итн. )
Доколку немате предмет за донирање, исто така е во ред само и вашата приказна.
Истите ќе бидат изложени во галерија за изложба наречена “The Museum I didn’t ask for”, кој и самите ќе можете да го посетите. Целта е да се подигне свесност и емпатија за овој проблем кој е присутен во голема мера во нашето општество.

Споделувањето може да биде тешко, но исто така ослободува. Ослободува да знаете дека не сте сами и секогаш ќе имате поддршка. Повикот и доставувањето трае до 30.04.2021.

Предметите може да ги доставите на Вељко Влаховиќ бр. 7/1-1, Скопје во канцелариите на Национален младински совет на Македонија секој работен ден лично, по пошта или да замолите некој да ги однесе наместо вас.
Ќе ве замолам само јасно да наведете дека се за проектот “Radical Idea: EquALLity”.

Дополнителни информации за денот и времето на изложбата ќе најдете по социјалните мрежи како и јавно во public post на мојата фејсбук страница.

Оваа активност е дел од “Radical idea: EquALLity” спроведувана од Linking, Engagement, Advocacy and Development - LEAD стипендистката Сашка Стефановска, финансиски поддржана од Проектот на УСАИД за граѓанско учество.
Име и презиме/анонимно
Раскажи ја својата приказна. *
Кој предмет би сакале да го донирате за изложбата? *
Нешто што би сакале да додадете или прашате?
Submit
Clear form
Never submit passwords through Google Forms.
This content is neither created nor endorsed by Google. - Terms of Service - Privacy Policy