ПРОЕКТ „ЕДЕН, ДВА, ТРИ ... АКЦИЈА“("One, deux, tres ... action“) ЕРАЗМУС+, 2019-2021
ПРАШАЛНИК ЗА УЧЕНИЦИ ЗА УЧЕСТВО ВО ПРОЕКТ „ЕДЕН, ДВА, ТРИ ... АКЦИЈА“
(да се испрати најдоцна до 20 септември 2019 год.)

ПРАВИЛНИК ЗА ИЗБОР НА УЧЕНИЦИ ВО ПРОЕКТИ
Со овој правилник треба да се регулира правото за избор на ученици во проекти од различен карактер, доколку бројот на пријавени ученици го надминува потребниот број на ученици-учесници во проектот. Овој правилник содржи критериуми кои ќе го се олеснат изборот на ученици во проекти на билингвалните англиски/француски паралелки. Доколку бројот на пријавени ученици за даден проект го надминува потребниот, предност при селекцијата на кандидатите ќе имаат учениците кои ги исполнуваат критериумите дадени во делот што следи:
 ученикот треба да има квалитети потребни за реализација на целите на проектот (појаснување: ако проектот е од натпреварувачки карактер во кој се бара учениците да настапат со музичка точка, тогаш ученикот треба да поседува квалитети за музика, талент и сл.);
 ученикот треба да има одличен успех и примерно поведение;
 ученикот треба да учествува на различни натпревари и проекти;
 ученикот не смее да биде казнуван или да има изречено писмени опомени по било кој основ;
 доколку родителот, членови од семејството на ученикот или други лица обезбедат спонзорство со кое би се покриле дел или вкупните трошоци потребни за реализација на проектот;
 доколку проектот е од карактер на размена на ученици, ученикот кој ќе прифати да биде домаќин треба да обезбеди пристојни услови за престој на други соученици;
 да познава и говори барем еден од светските јазици заради непречена комуникација;
 ученикот треба да биде исполнителен, активен учесник во проектот, совесен, способен, а со своето однесување достојно да го претставува својот тим и својата земја.
Email address *
Дали во досегашното школување имате одличен успех и примерно поведение? *
Дали во досегашното школување имате изречени писмени опомени по било кој основ? *
Наведете кои од овие способности ги поседувате: комуникација, музика, презентациски вештини, други (наведете и објаснете) ? *
Your answer
Дали имате освоени награди на натпревари и наведете кои? *
Your answer
Во колку проекти сте учествувале во текот на последните 3 години и наведете кои? *
Your answer
Доколку има проект за размена на ученици дали можете да обезбедите сместување за други ученици? *
Дали имате сертификати за познавање на француски, англиски јазик? *
Наведете кои сертификати за познавање на странски јазици ги поседувате? *
Your answer
Дали сакате да патувате во странство доколку има можност за тоа?
Доколку сакате да учествувате во проектот "ЕДЕН, ДВА, ТРИ ... АКЦИЈА" 2019-2021 напишете кратка биографија на француски јазик (пр. име и презиме, возраст, семејство, хоби и сл.) *
Your answer
Доколку сакате да учествувате во проектот "ЕДЕН, ДВА, ТРИ ... АКЦИЈА" 2019-2021 направете проект на француски јазик на една од темите дадени подолу (проектот треба да содржи ворд документ 4-5 страни, фонт Calibri 12 и PPT презентација 13-15 слајда, или друга презентација по ваш избор) и испратете го на onedeuxtresaction@gmail.com најдоцна до 20 септември 2019. Која тема ја одбирате? * *
Required
Next
Never submit passwords through Google Forms.
This content is neither created nor endorsed by Google. Report Abuse - Terms of Service - Privacy Policy