Иницијативата „Патот до еднаквост: Филмски караван за менструална сиромаштија“ на PERIOD Skopje, има за цел да ја подигне свеста, да поттикне јавен разговор и да мобилизира локални заедници во борбата против менструалната сиромаштија и стигма во Северна Македонија.
Проектот вклучува организирање проекции на оскаровскиот документарец „Менструација. Крај на реченицата“ во пет различни градови.
Филмот ги отвора прашањата поврзани со менструалната неправда и нејзините последици врз можностите, достоинството и самодовербата на девојчињата и жените. Секоја проекција ќе биде проследена со интерактивни дискусии со цел да се охрабрат отворени разговори и споделување на искуства.
Филмски караван за менструална сиромаштија
9 мај: 17 часот - Младински центар, Македонски Брод
13 мај: Штип: 17 часот - Младински центар, Штип
18 мај: 18 часот - Europe House Крива Паланка
Пријави се!