ПлоштАрт Фиеста е повеќе од прослава на музиката и уметноста - главната идеја е да создадеме бескрајно игралиште каде забавата, музиката, креативноста и заедничкото создавање се клучна цел и каде сите заедно ќе се чувствуваме слободни да се „исклучиме“ и изразиме по своја волја.
Сепак, стремежот кон кој се извиваме е да бидеме дел од транзицијата на еколошка и општествена одговорност, најпрво во нашата земја, а потоа и сиот свет.
Затоа ги охрабруваме сите заинтересирани да се пријават со своите стремежи и вредности (работилници, дискусии, проекции, НВО катчиња, иницијативи, итн) во креирањето на уште едно ПлоштАртовско незаборавно искуство!