Проекто има за цел подобрување на локалното владеење преку зголемена инклузивност и општествено влијание на младите во локалниот демократски живот.
Клучните засегнати страни се младински граѓански организации, локални младински совети, единици на локална самоуправа и граѓани. Крајни корисници се младите, со посебен фокус на ранливите групи (лица кои живеат во екстремна сиромаштија, ромска етничка заедница, деца, жени, лица со попреченост, ЛГБТИ популација).
Проектот е дизајниран со цел да ги вклучи сите млади во општеството, односно да формира инклузивни општества, кои се од клучно значење за демократијата, да издејствува директно влијание на младите врз креирањето и спроведувањето на локалните политики, со цел да им го олесни животот на непривилегираните, односно на причините и последиците од нееднаквоста, вклучително и полот, маргинализацијата и дискриминацијата, како и справувањето со потребите на обесправените и ранливите групи, кои треба да се подржани од локалните заедници.
Во склоп на проектот СФЕРА Интернешнал и ЈЕП Гостивар организираат сет обуки за кои можат да се пријават сите млади од Република Северна Македонија на возраст од 18-30 години. Локација и точни дати ќе бидат испратени до селектираните учесници.
Сите трошоци за учество (пат, сместување, материјали) се покриени од страна на организаторот.
Проектот е финансиран од Европска Унија преку ЕУ делегација во Република Северна Македонија.