ПРАВА НА ЧЛЕНОТ
- Добивање на правен совет,
- Соодветен договор за бесплатна адвокатска консултација и услуга,
- Бесплатно адвокатско застапување за одредени предмети со претходно прецизирање на проблемот,
- Стручни советувања, синдикални обуки, семинари и друг вид на едукација според можностите на НСП,
- Синдикална членска легитимација изработена од НСП кој планира и со правни лица договара поволни економски пакети за членовите и
- други права предвидени со статутот и програмата на НСП.
НАПОМЕНА: НСП пристапницата ја доставува до Оддел за финансиски прашања каде што членот прима плата, но доколку нема континуитет на месечна уплата како членарина на име на НСП, лицето потписник на оваа пристапница нема да се смета за полноправен член.