ЈАВЕН ПОВИК ЗА УЧЕСТВО ВО ПРОЕКТ
ХЕПА Македонија Националната организација за унапредување на здравјето со физичка активност објавува јавен повик за учество во проект за испитување на степен на физичка активност, спорт, седентарно однесување и здравје кај 100 возрасни лица, од 18 до 75+ години со примена на анкети и акцелерометар што овозможува попрецизно идентификување на активностите.
Испитувањето ќе трае во периодот од 1 јули до 20 август 2019 година.
Што ќе добијат учесниците од овој проект ?
Учесниците во проектот ќе добијат Извештај со анализа на личните активности според исхранетоста и здравствената состојба, како и програма со препораки за избор и дозирање на активностите. Целта е да се подобри здравствената состојба со зголемување на активностите.