Програмата за стартапи на ПРЕДА Плус е наменета за тимови од Пелагонискиот регион кои развиваат иновативни и технолошки решенија со позитивно еколошко влијание.
Фокусот е на паметно земјоделство, зелени технологии, климатски иновации, кружна економија, дигитални алатки и одржливо управување со ресурси.
Програмата ја поддржува праведната транзиција на регионот и обезбедува знаење, менторство и поддршка за развој на прототипи и одржливи бизнис модели.
Право на пријавување имаат само тимови.
Пријавувањето трае до 26 декември 2025