Прилеп, Градска библиотека „Борка Талески“, на 19 октомври, од 10 до 18:30 часот
Со пополнување на оваа апликација, лично се пријавувате за учество на Вториот регионален семинар „Граѓански објектив: Граѓан(к)ите учествуваат, набљудуваат и известуваат“ посветен на граѓанското учество, активизмот и граѓанското новинарство за промовирање на транспарентни и одговорни политички процеси што ќе се одржи во Прилеп, Градската библиотека „Борка Талески“, на 19 октомври, со почеток во 10 часот.
Патните трошоци ги покрива ЦИВИЛ.
ПРАВО НА УЧЕСТВО имаат апликантите од општините во Пелагонискиот плански регион: Битола, Демир Хисар, Кривогаштани, Крушево, Могила, Прилеп, Ресен, Новаци и Долнени. Наведете точно во која општина живеете или престојувате.
Откако ќе биде одобрена Вашата апликација, тимот на ЦИВИЛ ќе Ве контактира за логистички прашања и дополнителни информации. Доколку сакате да дознаете повеќе, поставете прашање по мејл:
civil@civil.org.mk или јавете се на 02 / 5209 176, 075 / 389 698.
Овој семинар може да биде вовед во активирање во или соработка со ЦИВИЛ. Затоа, читајте, споделувајте и учествувајте. Следете ја и продукцијата на медиумската платформа меѓу кои се и веб страниците:
www.civilmedia.mk,
www.clp.mk,
www.greencivil.mk итн.
Ви посакуваме успех!