Осмунаесетата (18) Грант Академија, во своето пролетно издание, започнува на 28 април 2025, а завршува на 30 јуни 2025. Во тој период два пати неделно во понеделник и среда, во вечерен термин (18:00-21:00 ч.) ќе се организираат 20 работилници (секоја од по 3 часа) кои се дел на грант академијата. На овој начин ќе бидете дел на вкупно 70 часови програма (во кои се вклучени и 5-7 индивидуални/ тимски менторски сесии од по 1-1.5 часа), доволни за да развиете
целосен предлог проект за грант со буџетот и сите барани додатоци.
Со учеството во Грант Академијата за Вас ќе обезбедите:
- еден целосно подготвен еден предлог проект за грант спремен за испраќање во специфична грант програма (на пример за Еразмус+, Креативна Европа, Хоризонт Европа, Дигитална Европа, SMP (COSME), АДРИОН, ЕУРОМЕД, LIFE, Прекугранична соработка (со сите соседни држави), ФИТР, амбасади, други донаторски програми, итн.);
- стекнати вештини и разбирање на сите потребни чекори во фазите на развој и спроведување на еден проект за грант;
- електронска верзија на потребните формати, алатки и упатства за планирање и спроведување на проектот;
- можност да се добие грант од 5.000 до ххх.000 евра, со аплицирање на подготвениот предлог проект, и
- многу други придобивки поврзани со проектното планирање и спроведување на проекти
Полната котизација за учество е 49.500 мкд. За оние кои сакаат да платат на рати, има можност да се плати на 3 рати и тоа по 16.500 мкд од рата (1ва рата пред почетокот, 2ра рата во 3 недела од ГА, и 3та рата во 6 недела).
За пријава за учество до 24 априк 2025, 23:59 часот, котизацијата за учество е со 25% попуст т.е. 37.250 МКД. За порано пријавените со попуст ќе треба да се плати аванс за учество (целата сума или најмалку 12.500 мкд), веднаш по регистрацијата (до три денови). Потоа се плаќа целосната котизација од 49.500 МКД. За учество на двајца и повеќе учесници од еден правен субјект, попустот е исто така 50% т.е. се плаќа по 24.750 од учесник во било кое време.
ПОПОЛНЕТЕ ГИ ОСНОВНИТЕ ПОДАТОЦИ за Вас и за правниот субјект кој ќе изврши уплата на средствата за котизација (доколку сте поединец, оставате податоци само за Вас).
За кусо време ќе можете да ги пополнете празните полиња во оваа форма која е
подолу. Нема да Ви земе повеќе од 3 минути.
За подетални информации обратете се на email: info@proefekt.mk или на +389 (0)70 355 095