Апликација за CALU 5: Startup Edition Powered by Vip
Code App Level Up 5: Startup Edition Powered by Vip е петтата мини јубилејна едиција на еден од најуспешните студенски настани кај нас, во организација на EESTEC LC Skopje.

Овогодинешното издание на CALU е посветено на поттикнување на претприемништвото на македонските студенти. Ќе се работат софтверски решенија коишто воедно ќе треба да имаат и солиден бизнис план во позадина. 32 учесници поделени во тимови од 3 до 4 члена ќе работат на своите идеи во период од 15.04 - 21.04.2019, а крајните идеи ќе се презентираат на финалето кое ќе се одржи на 21.04 во просториите на VIP. За успешно да ги реализираат своите идеи, студентите ќе треба да ги комбинираат трите области:
- Дизајн на Веб платформа
- Развој на Веб платформа
- Изработка на бизнис модел, pitching на проектот пред инвеститори и акцелератори

*********************************************

ПРАВИЛА НА УЧЕСТВО:
◼️ се пријавува претходно оформен тим од 3-4 члена (секој член посебно ја пополнува формата за апликација)
◼️ минимум 2 члена од тимот се студенти
◼️ тимот се состои од минимум еден член од секоја од улогите:
▪️ hipster (дизајн)
▪️ hacker (програмирање)
▪️ hustler (бизнис/претприемништво)

*********************************************

СОДРЖИНА НА ФОРМАТА ЗА АПЛИКАЦИЈА:
◼️ 1 страна: Општи и контакт информации на апликантот
◼️ 2 страна: Квалификации и знаење за специфичната улога
◼️ 3 страна: Информации за тимот, линк од изработен lean canvas и видео за апликација

*********************************************

Тимовите ќе бидат избрани врз основа на бизнис идејата, изработените материјали и квалификациите на членовите од тимот од страна на самите ментори на настанот.

Крајниот рок за аплицирање е 25.03.2019 до 23:59ч.

Next
Never submit passwords through Google Forms.
This content is neither created nor endorsed by Google. - Terms of Service