Апликација за циклус обуки на Студентските клубови во Државните студентски домови
Младински образовен форум, во рамки на проектот „Студентски домови без корупција“ објавува повик за учесници на циклус обуки на Студентските клубови во Државните студентски домови. Обуката ќе се одржат во рамки на студентските домови со следните датуми:

Студентски клуб во ДСД „Стив Наумов“:
Обука за Младински активизам и организација на настан 13.03.2019
Обука за Студентски права и студентско организирање 03.04.2019
Обука за Јавно говорење 10.04.2019

Студентски клуб во ДСД „Гоце Делчев“:
Обука за Младински активизам и организација на настан 03.04.2019
Обука за Студентски права и студентско организирање 11.04.2019
Обука за Јавно говорење 17.04.2019

Студентски клуб во ДСД „Кузман Јосифовски- Питу“:
Обука за Студентски права и студентско организирање 04.04.2019
Обука за Младински активизам и организација на настан 10.04.2019
Обука за Јавно говорење 18.04.2019

Обуките имаат за цел да ги запознаат студентите со концептот на младинскиот активизам, основите на организирањето на настани/ локални акции, студентските права и студентското организирање, како и елементите на јавно говорење и да ги инспирира самите да размислуваат за интервенции во нивните локални заедници.

По циклусот на обуки, ќе биде отворен повик за иницијативи кои ќе се спроведат во рамки на Државните студентски домови- „Стив Наумов“, „Гоце Делчев“ и „Кузман Јосифовски- Питу“.

Обуката е отворена за сите студенти кои престојуваат во студентските домови. Времетраењето на една обука е 2 часа.

Доколку имате прашање можете да ни пишете на: ivona_kuzmanovska@mof.org.mk.

„Проектот е финансиран од Фондација Отворено општество- Македонија. Содржината е единствена одговорност на авторите и на грантистот, и на ниту еден начин не може да се смета дека ги изразува гледиштата и ставовите на Фондацијата Отворено општество- Македонија.“

Име и презиме: *
Your answer
Возраст: *
Your answer
Контакт телефон: *
Your answer
Контакт мејл: *
Your answer
Факултет: *
Your answer
Престојувам во: *
Колку време престојувате во студентскиот дом? *
Your answer
Се пријавувам за: *
Required
Submit
Never submit passwords through Google Forms.
This form was created inside of MOF. Report Abuse - Terms of Service