Wellness & YOGA Камп во Никити 22-25 Мај
Повелете на традиционалниот Wellness & Yoga камп, наменет за развој на вашите лични потенцијали. Целта на овој камп е да ја развиеме свесноста за личната благостојба (Wellness) преку грижа за сопственото емоционално, ментално и физичко здравје.

Место на одржување Koviou Holiday Village – Никити/Халкидики
http://koviouholidayvillage.com/

Дата 22-25 Мај 2020

Цена за рана уплата изнесува 7.500 мкд.
Повластената цена за рана уплата важи до 30.03.2020 (минимум 30 % од износот)
Редовна цена на пакетот е 8.200 мкд

Во цената се вклучени:

ⱱ 3 ноќевања, (сместувањето е во двокреветни и/или трокреветни)
ⱱ Храна на база шветска маса - полупансион (појадок и вечера) и
ⱱ Учество на семинарот

Целата програма ќе биде насочена кон:
● Будење на “детето” во себе и активирање на вашите природни потенцијали
● Усвојување на модерни и древни вештини за надминување на акумулираниот стрес и подобрување на личното психо-физичкото здравје.

Програмата ќе биде составена од Јога вежби и техники на дишење за да ја активираме виталната енергија во себе, тим билдинг вежби за излегување од зоните на конфор, и работилници за раст и развој за балансирање на сопствените емоционални и ментални блокади, проследени со плажа, сонце и море.

Не го пропуштајте овој настан. Дури и да немате друштво придружете се бидејќи ова е одлична можност да запознаете со нови лица, кои не сте во можност да ги сретнете во вашето секојдневие !

Место на одржување: Ресорт: Koviou Holiday Village – Никити/Халкидики
http://koviouholidayvillage.com/

Слики од предходните кампови одржани од нас но и во истото место и хотел имате во ФБ страните Healthy Yoga и Healthy Life Skills во секцијата албуми

Можност за плаќање во рати!

Превоз: Постои можност за организиран превоз. Конечната цена зависи од бројот на пријавените, но за ваша ориентација цената би изнесувала околу: 30-35 евра по лице.

Пријавување е со уплата на 30 % аванс најкасно до 30.03.2020
Местата се ограничени.

Инфо вибер 070234740 или healthyyogaskopje@gmail.com

ВЕ МОЛИМЕ ПОПОЛНЕТЕ ГО ФОРМУЛАРОТ И ЕВИДЕНТИРАЈТЕ ГО СВОЕТО ПРИСУСТВО
Име и презиме *
Email *
Адреса или место на живеење *
мобилен телефон *
Со каков превоз ќе дојдете *
Required
Дали имате некој коментар / забелешка
Submit
Never submit passwords through Google Forms.
This content is neither created nor endorsed by Google. - Terms of Service - Privacy Policy