(ЗАВРШЕНО!) Распродажба на Treebanks маичка
Приказната е следна. Минатата година со помош на Booking.com и продажбата на маички засадивме 1700 дрвја на четири локации во Македонија. Поради условите на тековната година одлучивме да не промовираме патувања.
Сакаме да ја завршиме годинава со барем една акција за пошумување. За организирање на акција потребно е да собереме 500 дрвја. До сега имаме собрано 147 дрвца за садење.
Со цел да стигнеме до 500 дрвја ја правиме следнава распродажба:
- Ја намалуваме цената на маичките на 500 денари (со вклучена достава).
- За секоја купена маичка засадуваме две дрвја (наместо едно)
По полнувањето на формата ќе ве контактираме.