Асертивност во комуникација - како да кажеме НЕ
Почитувани студенти,
Со задоволство ве покануваме да учествувате на вебинарот „Асертивност во
комуникација- како да кажеме НЕ“ , кој ќе се одржи на 11.11.2021, четврток, од 18 до
19.00 часот, онлајн, преку платформата Google Meet, во организација на Психолошко
советувалиште-УКЛО.
Ќе стане збор за асертивноста како образец на однесување кое може да ги спречи
проблематичните односи во комуникацијата, поврзаноста со емоциите и придонесот на овој вид на комуникација за подобра емоционална благосостојба.
Вебинарот ќе го одржи професорката д-р Драгана Батиќ, психотерапевт.