Работилница за личен развој БИДИ СВОЈА со Катерина Златановска Попова
Термин 1: Сабота, 26.12.2020, 18.30 – 20.30 часот или Термин 2: Вторник, 5.1.2021, 18.30 – 20.30 часот
Онлајн на ZOOM
Работилницата за личен развој БИДИ СВОЈА е инспирирана и мотивирана од автобиографската книга на Ирена Чаушевска Даниловска „СВОЈА - за најважните работи во животот за кои никој не нѐ подготвува“ која излезе од печат на 13 ноември и уште во првиот месец беше продадена во над 250 примероци. СВОЈА е многу повеќе од само книга. СВОЈА е концепт и начин на живот, желба и мисија за подобро утре и за достоинствен и среќен живот на секоја девојка и жена.
Со таква мисија го креиравме и нотесот СВОЈА кој има повеќе намени од кои најважната е да ти биде нежен пријател и сопатник во претстојната година водејќи те низ 5 чекори до најважните моменти на себеспознавање и преземање на одлучни чекори за реализирање на посакуваните промени.
БИДИ СВОЈА е 2 часовна коучинг работилница на која со помош на сертифициран професионален експерт за развој на човечкиот потенцијал ќе ги добиете одговорите на следните прашања:
1. Каков живот посакуваш за себе и за своите најблиски во Новата година?
2. Што те прави среќна?
3. Која е твојата страст?
4. Колку си автентична и силна?
5. Како да ги оствариш своите желби и цели во 2021 година?
Со работилницата добиваш можност:
>> Да ги препознаеш своите лични вредности;
>> Да ја креираш својата лична животна мисија;
>> Да ги поставиш своите цели за 2021 година;
>> Да ги започнеш посакуваните промени во твојот живот преку поставување на јасни акциски чекори.
Секој од учесниците работи самостојно под водство на сертифициран експерт и ги запишува сопствените мисли и одлуки кои може да ги сподели и со останатите само доколку за тоа чувствува желба и потреба.
Ваучерот за работилницата ги вклучува и книгата и нотесот СВОЈА кои ќе ви бидат доставени на лична адреса. Промотивна цена на котизација: 1990 денари. Добивате вредност од: 3980 денари (Книга + Нотес со вклучена достава + Работилница за личен развој).
Линк за вклучување на сесијата ќе ви биде испратен по пополнувањето на оваа форма и уплата на котизацијата.
Повеќе информации и впечатоци од читатели на книгата можете да најдете на
https://www.sitemoizivoti.com
.
Контакт на
katerina.popova@t.mk
,
svoja@sitemoizivoti.mk
или 070 260 149.
* Required
Име и презиме
*
Your answer
Кратко инфо за целта на вашето учество (Што очекувате да постигнете?):
*
Your answer
Дали претходно сте учествувале на коучинг работилници?
*
Да
Не
Во кој термин ви одговара да учествувате?
*
Термин 1: Сабота, 26.12.2020, 18.30 – 20.30 часот
Термин 2: Вторник, 5.1.2021, 18.30 – 20.30 часот
Ваш мобилен за контакт
*
Your answer
E-mail за контакт
*
Your answer
Адреса за испорака на книгата и нотесот
*
Your answer
Начин на плаќање
*
При достава на книга и нотес
Однапред преку електронско банкарство / во банка
Required
Место за коментар или порака до авторката на СВОЈА или до експертот за развој на потенцијал што ќе ја води работилницата (опционално)
Your answer
Submit
Never submit passwords through Google Forms.
This content is neither created nor endorsed by Google.
Report Abuse
-
Terms of Service
-
Privacy Policy
Forms