Кино Кабаре Битола 2019 - Повик за учесници!
КиноБит го објавува повикот за учесници на Кино Кабаре Битола за 2019 година. Повикот е отворен за лица на возраст од 18 до 30 години од Пелагонискиот и Југозападниот регион на Македонија. Не е потребно претходно искуство во филмови, сите се добредојдени. Лицата заинтересирани за учество се охрабруваат да ја пополнат апликацијата за учесник најдоцна до 11 март 2019 година. Селектираните учесници ќе бидат замолени да платат симболичен надоместок за учество од 300 денари. За учесниците од другите градови, КиноБит ќе обезбеди покривање на патни трошоци, сместување и три оброци во текот на денот. Останати трошоци се на товар на учесниците.

Повеќе за Кино Кабаре Битола 2019

Кино Кабаре Битола 2019 ќе се реализира во Битола во периодот од 2 до 8 април 2019 година. Пристигнувањето на учесниците во Битола е на 2 април, а заминувањето е на 8 април. Во меѓувреме, програмата ќе се фокусира на запознавање на учесниците и формирање на тимови, како и работилници со стручни лица за техничките аспекти на филмот и за промовирање на човековите права преку визуелните уметности. Потоа, учесниците ќе работат заедно за да подготват, произведат и прикажат кратки филмови.

Учесниците за време на Кино Кабере Битола се очекува да бидат дел од најмалку еден тим како продуцент, режисер, актер, камерман, монтажер и друго. Исто така, ќе можат да помогнат за потребите на друг тим. На пример, еден учесник може да биде актер во еден тим, а режисер или монтажер во друг. Учесниците треба да донесат каква било опрема за снимање и монтирање на видео (камера, телефони, лаптоп и друго).

Повеќе за КиноБит

КиноБит е кино ќелија (клетка) во Битола и од 2018 година е дел од светското Кино движење* кое започна во Монтреал во 1999 година и кое движење има за цел да организира Кино Кабаре настани за време на кои се изработуваат кратки филмови за краток временски период (од 48-72 часа). Ќелијата КиноБит има специјална мисија - да го искористи краткиот филм како средство за промовирање на човековите права во Македонија. Иницијатор за формирање на КиноБит и организатор на Кино Кабаре Битола е Здружението за граѓански активизам ФОРУМ 16 – Битола, а партнери во организацијата се граѓанските организации: СФЕРА Македонија, Центар за европски развој и интеграција ЦЕРИ и ИНОВА ЛАБ. И годинава, поддршка имаме од Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола и НУ Центар за култура-Битола.

Дополнителни информации

Лицата кои се заинтересирани да волонтираат и обезбедат техничка или логистичка поддршка, како и оние лица кои можат да помогнат со спонзорства или да помогнат на друг начин, се охрабруваат да се јават на 078 535 606. Поддржувачите ќе добијат кредити во продукциите на Кино Кабере Битола.

* Информации за светското Кино движење може да се најдат на следните линкови:
https://en.wikipedia.org/wiki/Kino_(movement)
http://kinokabaret.org/
https://www.facebook.com/groups/Kino.Network/

Име и презиме *
Your answer
Email *
Your answer
Телефон *
Your answer
Години (минимум 18 години) *
Your answer
Место на живеење *
Your answer
За што се пријавувате? (изберете ги сите опции кои се однесуваат за вашите интереси и/или вештини) *
Required
Учесниците треба да бидат присутни и достапни во Битола од 2 до 8 април 2019 година. Можете ли да се обврзете да бидете присутни во текот на овие датуми? *
Доколу сте селектирани, дали се обврзувате да платите надоместок за учество на Кино Кабаре Битола 2019 од 300 денари? *
Опрема за филмови: КиноБит може да обезбеди за учесниците ограничена количина на основна опрема за снимање на филмови. Ако е можно, од учесниците се бара да донесат (и да споделат) сопствена опрема. Ве молиме набројте го видот на опрема што ќе ја донесете за време на Кино Кабаре Битола! *
Your answer
Имате идеја за филм? Споделете ја со нас вашата идеа и каква поддршка ќе ви треба од другите учесници. Ќе се обидеме да ве поврземе со други кои можат да помогнат. *
Your answer
САМО ЗА ЛОКАЛИ УЧЕСНИЦИ! Дали сакате и можете да обезбедите сместување за учесник од друг град?
Прашања / Информации / Потреби: Ако имате какви било прашања или посебни барања (сместување, храна и друго) или би сакале да ве контактираме со било какви дополнителни информации, ве молиме кажете ни:
Your answer
Submit
Never submit passwords through Google Forms.
This content is neither created nor endorsed by Google. Report Abuse - Terms of Service