Пријава за членство во Артивизам клуб
Артивизам клубовите имаат за цел да поттикнат размислување и дејствување на младите луѓе за решавање конкретни општествени проблеми кои се од нивни интерес. Во рамките на овие клубови, младите ги градат своите капацитети, дознаваат повеќе за себе и околината, стекнуваат вештини и знаења, креираат нов круг на пријатели и познаници, учат за почит, одговорност и се забавуваат преку учење.

Членовите на овие клубови постојано реализираат акции и учат за креативен активизам, онлајн активизам, граѓански активизам, слобода на изразување, застапување, стереотипи, предрасуди и дискриминација; онлајн силеџиство, медиумска писменост. Но, исто така и уредуваат јавни простори, дизајнираат од реупотребливи материјали; цртаат графити, креираат стикери, постери, пишуваат вести, изработуваат весници и користат уметност за активизам.

Целта на секој клуб е да го обучи членот независно и самоуверено да ги користи алатките кои се изучувале, но и да обезбеди безбедна, здрава и поддржувачка средина за младите да можат да ги изразат своите ставови, да се изградат себеси и да истражуваат.
Sign in to Google to save your progress. Learn more
Име и презиме: *
Мејл адреса: *
Телефонски број: *
Град: *
Кога ти одговара да се одржуваат средбите на клубот? *
Required
Дали порано си бил член на МОФ?
Clear selection
Submit
Clear form
Never submit passwords through Google Forms.
This content is neither created nor endorsed by Google. Report Abuse - Terms of Service - Privacy Policy