[Пријава] Младински консултации
Претседателот Пендаровски и Фондот за деца при Обединетите нации (УНИЦЕФ) во феврурари 2021 година започнаа заедничка иницијатива „Преосмисли ја иднината“ со која на децата и на младите им се даде простор да се вклучат во дефинирањето на визијата за иднината што ја сакаат за себе и за идните генерации.

Преку пополнување на прашалникот од страна на младите се детектираа 3 теми кои се најчест предизвик кај млади и нешто што најмногу ги загрижува во нивната заедница:
1. Образование
2. Квалитет на живот
3. Животна средина и просторно планирање

Во периодот од 21ви јуни до 2ри јули, младите ќе имаат можност да се приклучат на една од следните младински консултации:
 Работилница за животна средина.
 Работилница за образование.
 Работилница за квалитет на живот.

Младите се поканети да ја пополнат пријавата, да споделат која е нивната мотивација за учество и секако да се подготват да зборуваат за предизвиците со кои се соочуваат и да ги споделат нивните идеи и визии за иднината.

Прашалникот е отворен до 14ти јуни 2021 година (23:59ч).

Избраните млади ќе бидат информирани подетално за случувањата и агендата на младинските консултации на 18ти јуни.

Sign in to Google to save your progress. Learn more
Next
Clear form
Never submit passwords through Google Forms.
This content is neither created nor endorsed by Google. Report Abuse - Terms of Service - Privacy Policy