Форма за пријава за учество на лица со попреченост во Центар за окупациона терапија Крикни
Почитувани, ве замолувам пополнете ја формата како би имале финална бројка на корисниците и како би можеле да ги организираме активностите. 

„Инклузивно Скопје – поддршка за самостоен живот на лицата со попреченост“ е проект на Центарот за младински активизам ЦМА КРИК, насочен кон обезбедување континуирана, бесплатна и професионална поддршка за лица со попреченост над 18 години од територијата на Град Скопје. Проектот придонесува кон развој на животни и социјални вештини, поголема самостојност и активно учество во заедницата.

Активностите се реализираат во Центарот за окупациона терапија „Крикни“, кој претставува дневен простор за структурирана и инклузивна поддршка, прилагодена на индивидуалните потреби на секој корисник.

Како корисници во центарот може да се најдат лица кои имаат попреченост на возраст од 18 до 45 години. 

По пополнување на пријавата ќе ве контактираат вработените од центарот за извршување на првична проценка за прием.

Активностите се бесплатни. 

Посетата на центарот и активностите се одвиваат секој понеделник, среда и петок од 09:30 до 13:00 часот.

Локација: Месна заедница Црниче, Кисела Вода


Sign in to Google to save your progress. Learn more
Име презиме на родител кој ја пополнува формата *
Име презиме на личноста која ќе го посетува центарот  *
Возраст на  личноста која ќе го посетува центарот  *
Контакт телефон на родителот  *
Специфични информации што сметате дека треба да се споделат со нас за личноста која ќе го посетува центарот (потребна терапија и сл.)  *
Дополнителни информации, дали сакате да ни кажете нешто што не е опфатено во формата?
Submit
Clear form
Never submit passwords through Google Forms.
This content is neither created nor endorsed by Google. - Terms of Service - Privacy Policy

Does this form look suspicious? Report