ПРАШАЛНИК
Објаснување / Позадина
Координативните механизми се неопходни за правилно спроведување на енергетските политики, и како такви, тие завземаат значајно место во законската рамка за енергетика во Република Македонија.
Во основа, координативните механизми помагаат во темелно собирање на податоци и добивање на реална слика за спроведувањето на енергетските стратешки политики. Без тој елемент, стратешкото планирање би било спроведувано на погрешна основа ирезултатите не би биле позитивни.
Координативните механизми се спроведуваат по вертикална и хоризонтална основа.
Вертикалната координација подразбира комуникација на повеќе нивоа, на пример помеѓу локалната самоуправа, центрите за развој на планските региони, агенцијата за енергетика на Република Македонија и Министерството за економија.
Од друга страна, хоризонталната координација подразбира комуникација на исто ниво, на пример комуникација на локалната самоуправа, преку Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Македонија – ЗЕЛС или комуникација помеѓу министерствата кои имаат задолженија за енергетските политики и заштита на животната средина.
Координативните механизми се претставени на следните шеми.
Во продолжение, следат извадоци од законските рамки кои се однесуваат на координативните механизми во Македонија.
Шеми за вертикална координација
Шеми за хоризонтална координација
Закон за енергетика
I ЕНЕРГЕТСКА ПОЛИТИКА
Член 12
(3) За потребите на Министерството, енергетскиот биланс го подготвува Агенцијата за енергетика и го доставува до Министерството најдоцна до 31 октомври.

(8) По барање на Министерството, субјектите наведени во Правилникот за енергетски биланси и енергетска статистика се должни да доставуваат податоци за изготвување и следење на енергетскиот биланс и податоци неопходни за изработка на стратегиите, програмите и извештаиите за реализација на програмите, чие што донесување е предвидено со овој закон.

II РЕГУЛАТОРНА КОМИСИЈА ЗА ЕНЕРГЕТИКА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Член 28
(2) Со правилата од ставот (1) на овој член поблиску се уредуваат општите услови и начинот на снабдување, како и меѓусебните права, обврски и одговорности на снабдувачот, потрошувачот на соодветен вид енергија или природен гас и операторот на соодветниот систем, а особено:

9) начинот и постапките за комуникација и размена на информации помеѓу снабдувачот и операторите на соодветните системи заради обезбедување на пропишаниот квалитет на енергијата или природниот гас и услугите што ги обезбедуваат операторите

Член 35
(1) Секоја година, најдоцна до 31 март, Регулаторната комисија за енергетика до Собранието на Република Македонија доставува за усвојување Годишен извештај за својата работа во претходната година. Годишниот извештај содржи детални информации за активностите од членовите 22 и 23 од овој закон, како и детални информации за материјално-финансиското работење на Регулаторната комисија за енергетика.

V ПАЗАР НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА
Член 65
(1) Производителот на електрична енергија е должен:
4) да доставува извештаи, податоци и информации до операторот на електропреносниот систем или операторот на дистрибутивниот систем, во согласност со мрежните правила за пренос или мрежните правила за дистрибуција

Член 68
(2) Операторот на електропреносниот систем е должен секоја година да донесува план за развој на електропреносниот систем за период од следните пет години. Операторот го доставува планот до Регулаторната комисија за енергетика најдоцна до 31 октомври и, по добиената согласност од Регулаторната комисија за енергетика, планот го објавува на својата веб страница. Во планот треба да бидат содржани сите неопходни информации за проширувањето и надградбата на системот, а неговата содржина се уредува со мрежните правила за пренос.

(3) Операторот на електропреносниот систем подготвува и, најдоцна до 31 октомври секоја календарска година, доставува до Министерството и Регулаторната комисија за енергетика едногодишни, петгодишни и десетгодишни прогнози за потребите од електрична енергија во Република Македонија.

(5) Операторот на електропреносниот систем е должен до Регулаторната комисија за енергетика да поднесува извештаи за финансискиот и физичкиот обем на планираните и реализирани услуги, на начин, услови и во рокови определени со лиценцата.

Член 73
(1) Со правилата за пазар на електрична енергија, кои што ги донесува Регулаторната комисија за енергетика, особено се уредува:

9) постапка и начин за прибирање и доставување на податоци до Регулаторната комисија за енергетика за состојбите и појавите на пазарот на електрична енергија.

Член 74
(2) Операторот на дистрибутивниот систем е должен да обезбеди:
10) изготвување на извештаи за финансискиот и физичкиот обем на планираните и реализирани услуги и нивно доставување до Регулаторната комисија за енергетика, на начин, услови и во рокови определени со лиценцата

VI ПАЗАР НА ПРИРОДЕН ГАС
Член 85
(2) Операторот на преносниот систем за природен гас е одговорен за:

21) изготвување на извештаи за финансискиот и физичкиот обем на планираните и реализирани услуги и нивно доставување до Регулаторната комисија за енергетика, на начин, услови и во рокови определени со лиценцата

VII ПАЗАР НА СУРОВА НАФТА, НАФТЕНИ ДЕРИВАТИ И ГОРИВА ЗА ТРАНСПОРТ
Член 102
(3) Производителот на топлинската енергија, во согласност со издадената лиценца, е должен да доставува годишни извештаи до Регулаторната комисија за енергетика и до градоначалникот на единицата на локалната самоуправа во врска со опремата, капацитетите, плановите за одржување, како и планираната расположливост.

VIII ПАЗАР НА ТОПЛИНСКА ЕНЕРГИЈА
Член 118
(4) Снабдувачот со топлинска енергија е должен да доставува податоци до Регулаторната комисија за енергетика годишни извештаи за продадената топлинска енергија, според условите утврдени во лиценцата.

(5) Годишните извештаи од ставот (4) на овој член снабдувачот со топлинска енергија е должен да ги достави и до министерството и градоначалниците на единиците на локалната самоуправа на чии што подрачја снабдувачот ја врши дејноста.

X ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ
Член 131
(5) Агенцијата за енергетика го следи спроведувањето на мерките и активностите од Акционите планови за енергетската ефикасност, како и исполнувањето на динамиката за постигнување на индикативните цели пропишани со уредбата од ставот (4) на овој член и доставува до Министерството годишни извештаи најдоцна до 31 март секоја година.

Член 132
(4) Единиците на локалната самоуправа ги доставуваат Програмите за енергетска ефикасност од ставот (1) на овој член до Агенцијата за енергетика најдоцна 30 дена по нејзиното усвојување. Агенцијата за енергетика, најдоцна 30 дена од доставувањето на програмата од единицата на локална самоуправа, е должна да достави извештај до министерството за усогласеноста на програмата од ставот (1) на овој член со Стратегијата за енергетска ефикасност на Република Македонија и Акциониот план од членот 131 на овој закон.

(5) Единицата на локалната самоуправа, најдоцна до крајот на месец февруари до Агенцијата за енергетика го доставува годишниот план од ставот (3) на овој член за тековната година, како и информација за спроведување на Програмата од ставот (1) на овој член во претходната година. Агенцијата за енергетика, најдоцна до 31 мај, доставува до Министерството збирен извештај изготвен врз основа на доставените годишни планови на единиците на локалната самоуправа и информациите за спроведување на програмите.

Член 133
(1) Снабдувачите со енергија се должни најдоцна до 31 јануари секоја година да достават до Министерството и Агенцијата за енергетика податоци за претходната календарска година кои содржат вкупен приказ и структура на потрошувачката на потрошувачите кои што ги снабдуваат, географски распоред и групирање на потрошувачите според карактеристики на нивната потрошувачка, оцена на состојбата на енергетскaта ефикасност, предлог мерки за подобрување на енергетската ефикасност како и други потребни податоци за спроведување на Акциониот план за енергетска ефикасност.

(4) Лицата од јавниот сектор, односно надлежните министерства или единиците на локална самоуправа од ставот (3) на овој член, најдоцна до крајот на месец февруари се должни до Агенцијата за енергетика да достават збирни извештаи за извршените енергетски контроли во претходната календарска година. Агенцијата за енергетика, врз основа на збирните извештаи, е должна да подготвува и, најдоцна до крајот на месец јуни, да доставува до министерството годишни извештаи за извршените енергетски контроли во претходната календарска година.

Член 134
(4) По завршувањето на изградбата на згради или по значителната реконструкција на постојните згради, инвеститорот е должен да обезбеди сертификат за енерегетки карактеристики на зградата и истиот да го поднесе кон барањето за издавање на одобрение за употреба на зградата.

Член 138
(4) Агенцијата за енергетика, врз основа на извештаите од ставот (3) на овој член, подготвува годишен извештај за претходната календарска година и, најдоцна до 31 март, го доставува до министерството.

Next
Never submit passwords through Google Forms.
This content is neither created nor endorsed by Google. Report Abuse - Terms of Service - Additional Terms