Повик за учество на Европскиот ден на филмот 2016
Пополнете го овој формулар до 7ми мај 2016 година, за да учествувате на овогодинешниот Европски филмски ден за млада публика. Единствено што ви треба е интерес за филм и познавање на англиски јазик. Откако сте го пополниле, редовно проверувајте си ги меиловите и очекувајте да ги добиете сите потребни дополнителни информации.

Европскиот филмски ден за млада публика претставува целодневен настан кој втора година по ред ќе се одржи во градот Скопје, на 8 МАЈ 2016 година, во Кинотека на Р.Македонија со почеток во 9 часот.

На овој ден младата публика ќе има можност да проследи 3 филма селектирани од страна на Европската филмска академија кои ќе се прикажуваат истовремено во различни градови низ цела Европа. На младата публика во сите овие градови по проследување на филмовите преку гласање ќе им биде доверена задачата да го изберат најдобриот европски филм кој свечено ќе биде прогласен за победник на официјалната церемонија која се одржува во Ерфурт, Германија.

За време на настанот младите од сите земји ќе бидат поврзани меѓу себе преку live stream, ќе имаат можност да бидат дел од официјалната церемонија, додека преку комуникациска платформа ќе имаат можност освен да комуницираат меѓу себе, воедно и да им поставуваат прашања на режисерите, актерите и продуцентите на филмовите.

Затоа ве покануваме да бидете и вие дел од овој настан кој покрај филмовите ќе има и многу други забавни содржини. Се што треба да направите е да ја пополните оваа пријава и да уживате во светот на филмот.

Настанот е поддржан од Агенцијата за филм на Република Македонија, а во соработка со Џифони Македонија и Кинотека на Република Македонија.

Сите трошоци во однос на влезниците, храната и другите содржини ќе бидат покриени од страна на организаторите.

Дополнително, на меил адресите ќе бидат испратени согласности за учество, кои задолжително мора да се донесат- потпишани од родител, на денот на настанот. Без согласност за учество од родител не може да се учествува!!!

Доколку имате проблем или потреба од повеќе информации ве молам пишете на jury.office@giffoni.mk

Name and surname *
Your answer
Date of birth *
MM
/
DD
/
YYYY
Age (in May 2016) *
Your answer
Parent's name/ Guardian's name *
Your answer
Parent's e-mail *
Your answer
Phone number *
Your answer
School *
Your answer
Languages spoken *
Required
Parent's/ Guardian's phone number *
Your answer
Previous experience with film festivals/film projects: *
Required
I found out about this *
Submit
Never submit passwords through Google Forms.
This content is neither created nor endorsed by Google. Report Abuse - Terms of Service