Претприемачко учење

Овој прашалник има за цел да помогне во подготовката на стратегија за претприемачко учење на Република Македонија 2014-2020. Прашалникот базира на работилницата која во Април 2013 се одржа во организација на Европската тренинг фондација и Министерството за образование и наука на Република Мкедонија, каде беа предложени неколку основни области на активности во кои би требало да се развива стратегијата за претприемачко учење. Вашиот придонес ќе биде од огромно значење за навремено поставување на сите потребни активности кои би требало да бидат преземени во следниот период.

    Општ дел од прашалникот

    Овој дел од прашалникот се однесува за вас како лице кое го одговара прашалникот и има за цел да се идентификуваат основните фактори кои би се вкрстиле со останатите прашања од прашалникот.
    This is a required question
    This is a required question
    This is a required question
    This is a required question

    Основно образование

    Во овој дел од прашалникот се сублимирани идеите од последната работилница кои треба да се опфатат во стратегијата за претприемачко учење кога станува збор за основно образование
    Претприемачко учење од најрана возраст (дури и од градинка)
    Имплементација низ наставните предмети и содржини (отворени наставни програми)
    Во одделенска настава да се работи на развивање позитивен став кон реалниот сектор
    Кариерно советување за детектирање на сопствените потреби, желби, знаења и способности со вклучување на самите ученици, наставниците и родителите
    Размена на искуства на наставници од соседни држави и Европа
    Одржување на детска недела за претприемништво
    Соработка со компании со производи за деца - буџет за стимулирање на претприемачкиот дух
    Обуки на наставниците
    Посета на реалниот сектор
    Обучени психолози за насочување кон претприемништвото (откривање и детектирање на способностите на децата)
    Please enter one response per row
    This is a required question

    Средно образование

    Во овој дел од прашалникот се сублимирани идеите од последната работилница кои треба да се опфатат во стратегијата за претприемачко учење кога станува збор за средно образование
    Да се поттикне креативно и слободно размислување за “јас претприемач”
    Да се подобрат вештините, знаењата и способностите за реално вклучување во претприемништвото
    Да се размисли за интегрирање на практичната настава кај работодавците
    Да се направи партнерство “образование - бизнис заедница”
    Да се сензибилизира економската политика на РМ во функција на Министерството за Образование и Наука (фондови за финансирање на практична настава, операционализација на законот за финансирање на средно образование)
    Бенефит на пазарот на трудот (ученици со соодветни компетенции)
    За период од една до три години да се спроведе обука на наставници и широка јавна дебата за намалување на отпорот кон промените
    Стипендии за најуспешните ученици - претприемачи
    Симулации на компании во училница (поврзување со меѓународни натпревари)
    Успешни претприемачи во училиштата (реализација на својот сон преку личен пример).
    Запознавање за тоа што се стекнува како претприемач (обврски, закони, даноци...)
    Ученици во посета на фирмите
    “Project Games” за решавање на проблеми (вредност, проблеми на пазарот, понуда, побарувачка...)
    Заживување на “работни акции” да го нудат својот труд и знаење на компании кои би им плаќале во договор со училиштето за да ја сфаќаат својата вредност и вредноста на парите - начин за заработка за екскурзии итн.
    Летен камп на ученици кои покажуваат претприрмачки афинитети на кои би имале работилници (основно, средно образование), наставници при што ќе се доделуваат признанија
    Кариерни центри во училиштата со бизниси и факултети (за нивно промовирање)
    Задолжително волонтирање во хуманитарни акции
    Бизнис инкубатори за ученици претприемачи
    Please enter one response per row
    This is a required question

    Високо образование

    Во овој дел од прашалникот се сублимирани идеите од последната работилница кои треба да се опфатат во стратегијата за претприемачко учење кога станува збор за високо образование
    Едукација на наставниот кадар за предавање на претприемништво
    Вклучување на студентите во практични активности
    Развој на програми за претприемништво (дефинирање на претприемачките компетенции, hard/soft skills)
    Конференции за претприемачко учење и образование
    Отворање на компании поддржани од факултетите
    Отворање на инкубатор во рамките на факултетите
    Претприемачи како ментори на студенти кои имаат идеи
    Формирање на технолошки парк
    Организирање на натпревари за бизнис планови
    Примена на комбинација на методи од традиционална и современа настава во предметите (да знаат, да прават, да бидат пирамида)
    Работа во тимови на конкретни проблеми од стопанството
    Развој на истражувачките вештини кај студентите
    Работна пракса и навики за цело времетраење на студиите (на барање на студентите)
    Развивање на менторска мрежа од претставници од реалниот сектор од конкретна насока кои би ги воделе студентите низ процесот на избор на професија
    Please enter one response per row
    This is a required question

    Неформално образование

    Во овој дел од прашалникот се сублимирани идеите од последната работилница кои треба да се опфатат во стратегијата за претприемачко учење кога станува збор за неформално образование
    Соработка помеѓу неформално и формално образование
    Програми за претприемачи со локална самоуправа
    Тренинг центри - обуки
    Практична работа по случаи
    Центри за претприемништво и отпочнување на бизнис на локално ниво (центри во компаниите, добри пракси - што не очекува како еден претприемач, заеднички проекти со стопанството, кариерно насочување, Агенција за вработување)
    Обуки за теми за анализа на опкружување
    Обуки за теми за обврски, даноци, инспекција, книговодство
    Обуки за теми за менаџирање со ризик, опшетствена одговорност
    Обуки за развивање на самоиницијативност
    Обуки за иновација и практична имплементација на иновации
    Обуки за флексибилност на промени
    Обуки за преквалификации
    Обуки за медиумска промоција
    Финансирање на регионални проекти ЕУ за овој домен
    Претприемнички кампови
    Пракса (ХАСАП, Стандарди...)
    Субвенции, работодавачи
    Please enter one response per row
    This is a required question

    Млади претприемачи

    Во овој дел од прашалникот се сублимирани идеите од последната работилница кои треба да се опфатат во стратегијата за претприемачко учење кога станува збор за млади претприемач
    Мрежа, бизнис план натпревари (start up)
    Тренинг активности за млади претприемачи
    Центри за кариерно советување
    Изнаоѓање на алтернативни начини на финансирање на старт-ап бизнисите
    Специализирани обуки за технологија, иновативност, развој на нови производи/услуги
    Менторство од информациски аспект
    Учество во меѓународни мрежи
    Глобализација на идеи и искуства
    Следење на пазарот, истражување на пазарот
    Startup среда (Средби за меѓусебна поддршка на тековни и идни претприемачи)
    Обуки за правните аспекти во работењето
    Трибини со видни бизнисмени
    Please enter one response per row
    This is a required question