Пријава за прва работилница за подготовка на апликација СКОПЈЕ #зелениидеи2021
Здружението за социјални иновации „АРНО“ објавува повик за учесници на еднодневна работилница за подготовка на апликација за натпреварот „Зелени идеи 2021“ (https://zeleniidei.mk/).
Првата работилница ќе се одржи онлајн на апликацијата ZOOM, на 13 април (вторник), 10-14ч.
Заинтересираните кандидати можат да се пријават преку пополнување на овој формулар, најдоцна до 12 април 2021 (понеделник) до 10:00 часот. Пријавите пристигнати после рокот нема да бидат земени предвид. АРНО ги задржува правата да ги избере учесниците според пополнетата пријава. Избраните учесници ќе добијат потврда на мејл најдоцна до 12 април (понеделник) 17 часот.
Ве молиме имајте предвид дека првата работилница ќе се снима, а видеото ќе се користи како едукативна алатка за помош при аплицирањето на овој повик.

Кој може да се пријави?

Секој кој што е заинтересиран да се пријави на натпреварот „Зелени идеи 2021“ може преку оваа работилница да добие соодветна обука за пополнување на апликацијата и на КАНВАС БИЗНИС МОДЕЛОТ. Бројот на учесници е ограничен со цел поголема ефикасност. Менторот од Асоцијацијата за менаџмент и консалтинг МКА 2000 ќе им помогне на учесниците во индивидуалната разработка на апликациите.

Содржина на работилницата

На работилницата ќе ги добиете сите потребни информации за начинот на подготовка и пополнување на апликацијата. Особено ќе се задржиме на делот за подготовка на КАНВАС БИЗНИС МОДЕЛОТ. Поради тоа, задолжително е да дојдете подготвени со основните податоци за вашиот производ/услуга.
На пример, најприоритетно е да имате податоци за трошоците за изработка на производите или извршување на услугите. Важно е да знаете какви набавки ќе ви бидат потребни, машини, опрема, простор и слично. Размислете околу продажбата, особено за продажната цена на производот или услугата, профилот на купувачите, начинот на промоција и продажба. Размислете и за еколошките вредности во набавката на суровини, начин на продажба, користење на чиста енергија и слично.
* Работен јазик на работилницата е македонски јазик.

Благодариме на интересот.

Срдечен поздрав,
Тимот на АРНО.
Sign in to Google to save your progress. Learn more
Име *
Презиме *
Возраст *
Град *
Доколку доаѓате во име на правен ентитет (мала приватна фирма, граѓанска организација) наведете го називот.
Електронска пошта (e-mail) *
Телефон за контакт *
Ве молиме изберете категорија во која ќе аплицирате на натпреварот: *
Зошто сакате да учествувате на работилницата? (Објаснете на кратко, до 5 реченици) *
Која е вашата зелена идеја со која планирате да аплицирате? Објаснете на кратко. *
Во која фаза од развој се наоѓа вашата зелена идеја?(Објаснете на кратко, до 5 реченици) *
Дали имате учествувано на некоја од работилниците кои АРНО ги организираше минатата година? *
Изјава за согласност за учество *
Required
Изјава за согласност фотографирање/снимање *
Required
Submit
Clear form
Never submit passwords through Google Forms.
This content is neither created nor endorsed by Google. Report Abuse - Terms of Service - Privacy Policy