Прашалник за здрава населба - колку е добра и здрава нашата населба?
Примената на Прашалник за здрава населба (ПЗН) е алатка за оценување на населбите. Без разлика дали населбата е добро воспоставена, во фаза на тековна промена или пак сеуште се планира, оваа алатката може да помогне.
ПЗН дава едноставна рамка за структурирање на разговорите во врска со дадениот населен простор. Таа овозможува да размислувате за физичките елементи на просторот (на пример за неговите отворени простори и транспортните врски) како и за социјалните аспекти (на пример дали луѓето чувствуваат дека нивниот збор се слуша при донесувањето на одлуки).
Истражувањето покажува дека начинот на кој функционираат населбитe, изгледаат или се чувствуваат може да влијаат на нашето здравје и благосостојба.
Алатката дава поттик за дискусии, овозможувајќи ви на методолошки начин да ги разгледате сите елементи на одредена населба. Со неа се посочуваат добрата/вредностите/квалитетите на населбата како и областите каде што истата би можела да се подобри.

ПЗН е алатка која се користи за оценување на квалитетот на населбата. Може да се оценуваат населби кои се добро воспоставени, во фаза на тековна промена или пак сеуште се планираат. Исто така, алатката може да им помогне на луѓето во идентификација на нивните приоритети за одредена населба.
Се состои од 14 прашања кои ги опфаќаат како физичките така и социјалните елементи на населбата.
Зошто населбата е важна?
Каде го поминуваме нашето време има значаен ефект на нашите животи и нашата благосостојба. Подобрувајќи го квалитетот и можностите на населбите до кои имаме пристап, може да се помогне во борбата со нееднаквостите.
Разбирајќи ги постоечките и потенцијалните предности на населбата може да ни помогне во донесувањето на добри одлуки и да ни овозможи да ги насочиме ресурсите таму каде што се најпотребни. Таквиот пристап може да испорача подобри резултати на подолг рок.
ПЗН може исто така да поддржи дизајн и испорака на успешни населби, создавајќи квалитетен развој каде што луѓето сакаат да живеат.

Како да се користи алатката?

Треба да го направите следното:

Внесете ги вашите податоци.

Одговорете на секое прашање рангирајќи ги оценките на скала од од 1 до 7. Даден е простор да ги внесете причините за вашите одговори, како и да ги потенцирате позитивните и негативните страни на населбата во која живеете и/или работите.
Оценете ја населбата на скала од 1 до 7, каде што 1 значи дека има многу простор за подобрување (најмалку сте задоволни), а 7 значи дека има многу малку простор за подобрување (во целост сте задоволни).

Целна група на овој прашалник се граѓани кои живеат и/или работат во Градот Скопје.

Живеам/работам во: (одберете) *
Возраст: (одберете) *
Пол *
Националност (опционо)
Зошто се заинтересиравте да го пополните прашалникот?
ДВИЖЕЊЕ НАОКОЛУ
Пешачењето и возењето велосипед е добро за нашeто здравје и за животната средина. Постоење на пријатни и безбедени патеки може да го поттикне пешачењето и возењето велосипед.

Размислете за следното додека оценувате:

Дали има доволно патеки за пешачење и возење велосипед?
Дали на пешачењето и возењето велосипед им е даден поголем приоритет во однос на автомобилите и другиот сообраќај колку што е можно повеќе?
Дали патеките обезбедуваат очигледни и директни врски со населбита каде што луѓето сакаат да одат како што се училишта, продавници, паркови, јавен превоз?
Дали патеките се со добар квалитет, атрактивни и пријатни за користење?
Дали патеките ги задоволуваат потребите на сите жители, без разлика на возраста или подвижноста, и дали има населби за седење на оние на кои тоа им е потребно?
Дали патеките се сигурни за користење во текот на целата година или во различни периоди од денот?
1. Дали јас можам лесно да пешачам и возам велосипед наоколу користејќи квалитетни рути/патеки? *
Required
Наведете ги причините за Вашата оценка. Ве молиме да ги потенцирате позитивните и негативните страни на населбата во која живеете
ЈАВЕН ПРЕВОЗ
Пристап до прифатлив, сигурен и добро поврзан јавен превоз е важен за сите заедници. Добриот јавен превоз ги охрабрува луѓето да се движат наоколу на начин кој е подобар за животната средина.

Размислете за следното додека оценувате:

Дали услугите на јавниот превоз се чести и сигурни?
Дали јавниот превоз овозможува превоз на луѓето до населбита до кои тие сакаат да одат?
Дали јавниот превоз е безбеден и лесно достапен за сите, без разлика на возраста или подвижноста?
Дали автобуските постојки и станици се на погодни места и дали се на пешачко растојание од домовите на луѓето, и дали има населби за седење за оние на кои тоа им е потребно?
Дали автобуските и железничките станици имаат сè она што е потребно, на пример тоалети, безбеден паркинг и простор за чување/одлагање на велосипеди?
Дали секој може да си дозволи услуги на јавен превоз?
Дали објектите и возилата се со добар квалитет и добро oдржувани?
2. Дали јавниот превоз ги задоволува моите потреби? *
Required
Наведете ги причините за Вашата оценка. Ве молиме да ги потенцирате позитивните и негативните страни на населбата во која живеете.
Сообраќај и паркирање
Населби со многу густ сообраќај и многу паркирани возила може да им предизвика проблеми на луѓето кои живеат, работат или ја посетуваат населбата. Сообраќајните и соодветни решенија за паркирање им овозможуваат на луѓето да се движат безбедно наоколу, и можат да им помогнат во максимално искористување на населбата.

Размислете за следното додека оценувате:

Дали луѓето имаат предност пред автомобилите и другиот сообраќај?
Какво влијание има сообраќајот врз здравјето и благосостојбата во дадената населба (можеби ќе сакате да размислите за пристапноста, бучавата и квалитетот на воздухот)?
Дали паркирањето е на сигурна и обезбедена локација?
Дали има воспоставено соодветни мерки за базбедност во сообраќајот кои се достапни за сите луѓе без оглед на возраст, мобилност или попреченост
Дали мерките за “смирување/стишување” на сообраќајот се користат ефикасно во корист на заедницата?
Дали има премногу возила и сообраќај во областа?
3. Дали организацијата на сообраќајот и паркирањето им овозможува нa луѓето да се движат сигурно наоколу и дали ги задоволува потребите на заедницата? *
Required
Наведете ги причините за Вашата оценка. Ве молиме да ги потенцирате позитивните и негативните страни на населбата во која живеете.
Улици и простори
Зградите, обележјата, зеленилото, погледот и природниот пејзаж односно опкружување можат да помогнат да се создаде атрактивна населба во која луѓето ќе уживаат. Овие содржини исто така можат да им помогнат на луѓето да се ориентираат во просторот и да го најдат својот пат.

Размислете за следното додека оценувате:

Дали градбите/зградите и јавните простори во областа низ која секојдневно поминувате претставуваат пријатно искуство за вас?
Дали постојат позитивни содржини како на пример локални обележја, историски градби, јавни плоштади или некои природни карактеристики и обележја кои прават населбата да изгледа привлечно?
Дали лошите аспекти како на пример напуштени згради, празни површини или прекумерна бучава го намалуваат ефектот на постојните позитивни содржини?
Дали содржините и направените патеки им помагаат на луѓето да се снајдат полесно во просторот?
Дали е подеднакво можно да се ужива во населбата и невечер, во различни годишни времиња или пак за време на лоши временски услови?

4. Дали градбите/зградите, улиците и јавните простори создаваат атрактивна населба која лесно може да се најде? *
Required
Наведете ги причините за Вашата оценка. Ве молиме да ги потенцирате позитивните и негативните страни на населбата во која живеете.
ПРИРОДЕН ПРОСТОР/ПРИРОДА
Природниот простор во населбата го сочинуваат паркови и шуми, полиња, потоци и реки, зелени површини покрај патеките и патиштата, и улични дрвореди. Сите тие можат да бидат корисни за живиот свет, да го подобрат квалитетот на воздухот и да бидат корисни за нашето здравје и благосостојба.

Размислете за следното додека оценувате:

Дали во населбата постојат различни природни простори кои се достапни на луѓето?
Дали постојат можности за луѓето да ја доживеат и да имаат контакт со природата?
Дали природниот простор е привлечен и добро одржуван и дали има услови за одмор/седење за оние на кои тоа им е потребно?
Дали природниот простор е загрозен од негативни појави како на пример прекумерна бучава или лош квалитет на воздухот?
Дали тој опсег на природен простор е достапен, безбеден за употреба и се употребува од сите жители, без разлика на возраста, подвижноста, евентуална попреченост, пол, етничка припадност, верски убедувања или сексуална ориентација?
Дали природниот простор ќе продолжи да ги задоволувапотребите на луѓето и во иднина?
5. Дали можам редовно да искусувам и уживам во квалитетен природен простор? *
Required
Наведете ги причините за Вашата оценка. Ве молиме да ги потенцирате позитивните и негативните страни на населбата во која живеете.
ИГРА И РЕКРЕАЦИЈА
Добрите населби ги охрабруваат децата да играат а возрасните да уживаат во своето слободно време и во спортски активности. Можностите за игра и рекреација можат да го подобрат квалитетот на нашите животи и нашето здравје.

Размислете за следното додека оценувате:

Постојат ли можности да учествувате во некаква игра и рекреација (Можеби ќе сакате да размислите и за простори за одредени специфични групи како што се тинејџери, постари луѓе, деца со попреченост итн.).
Дали таквите места и објекти кои поддржуваат игра и рекреација се со добар квалитет, добро се одржувани и искористени во целиот нивни потенцијал?
Дали таквите места и објекти се пристапни и дали секој може да си дозволи да ги користи?
Дали децата се во можност да си постават предизвици на самите себе додека играат и дали можат за тоа време да ја градат својата самодоверба преку изложеност на ризици?
Дали заедницата одобрува и подржува децата да си играат надвор, на отворено?
Дали пристапот до таквите места и објекти или чувството на сигурност додека сме таму е афектирано и е во зависност од периодот од денот или годината?
6. Дали имам пристап до различен вид на простори/места кои нудат можности за игра и рекреација? *
Required
Наведете ги причините за Вашата оценка. Ве молиме да ги потенцирате позитивните и негативните страни на населбата во која живеете.
ОБЈЕКТИ И УДОБНОСТИ
Објектите и удобностите се нештата кои ни се потребни да живееме и да уживаме во животот. Тоа вклучува продавници, училишта, детски градинки, библиотеки, амбуланти/ординации по општа пракса, местата за јадење, пиење и средби со пријателите. Достапноста до овие објекти и удобности е важно за обезбедување здрави и испoлнети животи.

Размислете за следното додека оценувате:

Дали опсегот/изборот на објекти и удобности во населбата ги задоволува различните потреби на жителите (за учење, здравје, пазарење, релаксирање и сл.)?
Дали секој може да ги користи објектите и удобностите, без разлика на нивната возраст, пол, етничката припадност, евентуална попреченост, религиозните убедувања или сексуалната ориентација?
Дали објектите и удобностите се на разумна оддалечност и дали се лесно достапни? Дали се квалитетни и добро одржувани?
Дали објектите и удобностите се користат со нивниот целосен потенцијал за да помогнат во поддршката на здрав начин на живот? Дали тие и во иднина ќе ги задоволуваат основните потреби на жителите?


7. Дали објектите и удобностите во населбата ги задоволуваат моите потреби? *
Наведете ги причините за Вашата оценка. Ве молиме да ги потенцирате позитивните и негативните страни на населбата во која живеете.
РАБОТА И ЛОКАЛНА ЕКОНОМИЈА
Kвалитетната работа нуди важни придобивки преку приходот, активност, социјализација односно социјални контакти, чувство за идентитет и задоволство од работата. Просперитетна локална економија може да обезбеди можности за работа и помага во создавањетона “живи”населби каде што луѓето сакаат да го поминуваат своето време.

Размислете за следното додека оценувате:

Дали постои активна локална економија која помага во создавање успешна/просперитетна населба?
Дали локалните жители имаат пристап до можности за вработување независно од нивната возраст, пол, етничка припадност, религиозните уверувања, сексуалната ориентација или евентуална попреченост?
Дали постојат можности луѓето да стекнуваат вештини за одредена работа како на пример образование, обука и/или волонтирање?
Дали локалните служби како што се центри за вработување, агенции за регрутирање , служби за грижа за децата и сл.се ефективни во помошта на луѓето да најдат и да ја задржат работата?
Дали постојат можности и простор за започнување и развој на локални бизниси?
8. Дали во населбата постои активна локална економија и можност да се дојде до квалитетна работа? *
Required
Наведете ги причините за Вашата оценка. Ве молиме да ги потенцирате позитивните и негативните страни на населбата во која живеете.
ДОМУВАЊЕ И ЗАЕДНИЦА
Достапноста на домови за живеење може да биде одредувачки факор кој ќе влијае на оние кои ќе живеат во областа и како населбата ќе изгледа и ќе се чувствува. Добрите населби имаат мешавина од квалитетни домови за семејствата и луѓето од различни возрасти и приходи.

Размислете за следното додека оценувате:

Дали домувањето е позитивна одлика на населбата?
Дали постои избор на квалитетни домови достапни за домаќинства со различни големини?
Дали постои голем број на станови за закуп (изнајмени, во приватна сосптвеност и сл.) што ги задоволува различните потреби на луѓето и им се достапни без разлика на нивниот приход?
Дали различните типови на домување добро функционираат еден со друг?
Дали разновидното домување им овозможува на луѓето да останат во областа како што нивните потреби се менуваат или како што тие стареат?
9. Дали домовите во мојата област ги подржуваат потребите на заедницата и допринесуваат кон позитивна животна средина? *
Required
Наведете ги причините за Вашата оценка. Ве молиме да ги потенцирате позитивните и негативните страни на населбата во која живеете.
СОЦИЈАЛEН КОНТАКТ И ИНТЕРАКЦИЈА
Чувството на изолираност може да биде штетно по нашето здравје и благосостојба. Добрите населби обезбедуваат голем избор на просторни и други услови за средби и дружење со другите луѓе.

Размислете за следното додека оценувате:

Дали постои доволен избор на просторни услови и можности во населбата за средби и запознавање на луѓето?
Дали постои избор на различни места (затворени или простори на отворенo, наменски изградени и повеќе неформални населби) каде што луѓето можат да се среќаваат?
Дали овие места можат да се користат во различни периоди од денот, во текот на целата година или во различни временски прилики?
Дали условите во населбатата ги охрабрува и подржува луѓето од целата заедница и од различнa популациони групи да се поврзуваат и се запознаваат меѓусебно?

10. Дали постои доволен избор на просторни услови и можности за средби и запознавање на луѓето? *
Required
Наведете ги причините за Вашата оценка. Ве молиме да ги потенцирате позитивните и негативните страни на населбата во која живеете.
ИДЕНТИТЕТ И ПРИПАДНОСТ
Многу фактори може да влијаат на тоа како ние ја чувствуваме населбата, вклучувајќи го изгледот на населбата, нејзината култура и историја или она што другите луѓе мислат за неа. Населба со силно позитивен идентитет, каде луѓето имаат чувство на припадност, може да помогне во градење силна заедница.

Размислете за следното додека оценувате:

Дали луѓето гледаат на својата населба позитивно?
Дали историјата, наследството и културата на населбата се познати и дали се одбележуваат/прославуваат?
Дали постојат локални групи и/или мрежи кои им помагаат на луѓето да се чувствуваат позитивно вклучени во нивната заедница?
Дали луѓето можат да се чувствуваат поврзано со своите соседи и со заедницата, без разлика на нивното потекло?
Дали секој жител има чувствo на припадност без разлика на нивната возраст, пол, етничка припадност, религиозните уверувања, сексуална ориентација или евентуалната попреченост?
11. Дали населбата има позитивен идентитет и дали јас чувствувам дека припаѓам таму? *
Required
Наведете ги причините за Вашата оценка. Ве молиме да ги потенцирате позитивните и негативните страни на населбата во која живеете.
ЧУВСТВО НА БЕЗБЕДНОСТ/СИГУРНОСТ
Колку населбата се чувствува/доживува како сигурно/безбедно место, може да влијае на благосостојбата на луѓето и на тоа како тие го поминуваат своето време во таа населба. Добро дизајнираните и одржувани населби можат да помогнат населбите да се чувствуваат како безбедни и да го намалат криминалот и асоцијалното однесување.

Размислете за следното додека оценувате:

Дали областа е безбедна за сите без разлика на возраст, пол, етничка припадност, верски уверувања, сексуална ориентација или евентуална попреченост?
Дали луѓето се чувствуваат безбедни и кога се дома и кога се надвор?
Дали патеките се безбедни и добро искористени во различни периоди од денот и во текот на целата година?
Дали просторите кои се “засенети” од страна на околните згради и објекти додаваат чувство на сигурност?
Дали областа е ослободена од негативни појави како празни и напуштени имоти, криминал и асоцијално однесување?
12. Дали тука се чувствувам сигурно/безбедно? *
Required
Наведете ги причините за Вашата оценка. Ве молиме да ги потенцирате позитивните и негативните страни на населбата во која живеете.
ГРИЖА И ОДРЖУВАЊЕ
Населбите за кои постои квалитетна грижа можат да направат да се чувствуваме позитивно, додека оние кои не се одржуваат соодветно можат да имаат спротивен ефект. Правилното/соодветното одржување на уредениот простор им овозможува на луѓето да чувствуваат поддршка кога им треба и се попозитивни за населбата каде што живеат.

Размислете за следното додека оценувате:

Дали објектите како на пример парковите, јавните населби или јавниот имот генерално добро се одржуваат?
Дали постојат некои специфични проблеми во областа, како на пример отпадоци, вандализам или фецес од кучиња?
Дали постојат соодветни/добрикапацитети за рециклирање и за складирање наотпад и дали собирањето на отпадот е добро организирано?
Дали локалните власти, здруженијата за домување, сопствениците на имот или жителите ги знаат своите обврски и дали преземаат акции кога е тоа потребно?
Дали постои некакво здружение на локалните жители и дали е истото ефективно?
13. Дали објектите и просторот се добро зачувани/одржувани? *
Required
Наведете ги причините за Вашата оценка. Ве молиме да ги потенцирате позитивните и негативните страни на населбата во која живеете.
ВЛИЈАНИЕ И ЧУВСТВО НА КОНТРОЛА
Ставовите/погледите на луѓето за нивната локална, непосредна околина треба да се слушнат. Правото на глас при донесувањето на одлуки и чувството дека можете да нaправите промени можат да помогнат да се изградат посилни заедници и подобри населби. Имајќи го тоа чувство на контрола ги прави луѓето да се чувствуваат позитивно во однос на нивните животи.

Размислете за следното додека оценувате:

Дали луѓето можат да придонесат во донесувањето на одлуки кои нив ги засегаат?
Дали секој може да придонесе, без разлика на возраст, пол, етничка припадност, религиозни уверувања, сексуална ориентација или евентуалната попреченост?
Дали постојат служби на локaлната заедница или одредени локални групи кои им овозможуваат на луѓето да се вклучат?
Дали организациите како што се локалните власти, здравствените служби или здруженијата за домување и сл. активно работат со заедницата за да ги разберат нивните потреби?
Дали локалните луѓе чувствуваат дека нивниот глас се слуша? Дали луѓето знаат како да бидат слушнати?
14. Дали чувствувам можности да учествувам во донесувањето на одлуките и да помогнам во промена на нештата кон подобро? *
Required
Наведете ги причините за Вашата оценка. Ве молиме да ги потенцирате позитивните и негативните страни на населбата во која живеете.
ПРИОРИТЕТИ ЗА АКЦИЈА
Кои се главните прашања/проблеми и приоритети за промена кои ги идентификувавте? Наведете првите три приоритети овде:
Кои активности/мерки би можеле да се преземат за справување со ова?
Што не беше опфатено со прашањата, а сметате дека треба и е важно за населбата во која живеете и/или работите?
Submit
Never submit passwords through Google Forms.
This content is neither created nor endorsed by Google.