Формулар за поддршка на старт-ап бизниси за развој на еко-туризам и промоција на ИПР како туристичка дестинација
Центарот за развој на Источен плански регион како стратешки партнер на Програмата за зачувување на природата во Северна Македонија – фаза 2, проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (Swiss Agency for Development and Cooperation – SDC), координиран од страна на Фармахем, Скопје објавува повик за поддршка на старт-ап бизниси во насока на развој на еко туризам и промоција на Источниот плански регион како туристичка дестинација.

Целта на овој јавен повик е да се зајакне соработката со приватниот сектор преку поддршка на старт-ап бизниси во насока на развој на еко туризам и промоција на регионот како туристичка дестинација, во согласност со Стратегија за развој на туризмот во Источниот плански регион со акционен план (2016-2025).

Во рамките на овој Јавен повик ќе бидат поддржани најмногу до 15 старт-ап бизниси. Краен рок за пријавување е 30.08.2019 година до 14 часот.

Email address *
Next
Never submit passwords through Google Forms.
This content is neither created nor endorsed by Google. Report Abuse - Terms of Service