Осум (8) неделната Зимска Грант Академија со нов концепт почнува од 23 јануари 2023, а завршува на 27 март 2023. Во тој период два пати неделно во
понеделник и четврток, во вечерен термин (18:00-21:00 ч.), ќе бидат организирани 19 работилници (16 редовни и 3 дополнителни) кои се дел на грант академијата. На овој начин ќе бидете дел на вкупно 65 часови програма (во кои се вклучени и 5
индивидуални/ тимски менторски сесии од по 1.5 час), доволни за да развиете
целосен предлог проект за грант со буџетот и сите барани додатоци.
Со учеството во зимската Грант Академијата за Вас ќе обезбедите:
- еден целосно подготвен предлог проект за грант спремен за испраќање во специфична грант програма (за ИПА 3, Еразмус+, Креативна Европа, Хоризонт Европа, ФИТР, амбасади, други донаторски програми, итн.);
- стекнати вештини и разбирање на сите потребни чекори во фазите на развој и спроведување на еден проект за грант;
- електронска верзија на потребните формати, алатки и упатства за планирање и спроведување на проектот;
- можност да се добие грант од 5.000 до ххх.000 евра, со аплицирање на подготвениот предлог проект, и
- многу други придобивки поврзани со проектното планирање и спроведување на проекти
Полната котизација за учество е 44.950 мкд. За оние кои сакаат да платат на рати, има можност да се плати на 3 рати и тоа по 15.550 мкд од рата (1ва рата пред почетокот, 2ра рата во 3 недела од ГА, и 3та рата во 6 недела). За учество на два учесници од еден правен субјект, се добива попуст од над 30% за двајца (вк. 61.900 мкд, т.е.30.950 мкд од учесник) и 40% за тројца учесници (26.950 мкд. од учесник или
вк. 80.850 мкд. за сите тројца).
За рана регистрација до 29 декември 2022 , 23:59 часот, котизацијата за учество е 31.950 МКД, а за оние што ќе се пријават до 16 јануари 2023 е 34.950 мкд, а потоа се плаќа целосната котизација од 44.950 МКД.
ПОПОЛНЕТЕ ГИ ОСНОВНИТЕ ПОДАТОЦИ за Вас и правниот субјект кој ќе изврши уплата на средствата за котизација (доколку сте поединец, оставате податоци само за Вас). Оваа акција не важи за учесници кои веќе се имаат пријавено во оваа
Акдемија (со пополнување на оваа форма, преку интернет страна или преку е-мејл).
Повеќе информации за претходните грант академии овде: https://www.proefekt.mk/grant-akademija
За кусо време ќе можете да ги пополнете празните полиња во оваа форма која е
подолу. Нема да Ви земе повеќе од 3 минути.
За подетални информации обратете се на email: info@proefekt.mk или на +389 (0)70 355 095