Почитувани,
Со задоволство ве покануваме да бидете дел од KARIERA DAYS vol.3, настан посветен на поврзување на компаниите со потенцијални таленти и квалификувани кадри. Настанот ќе се одржи во просториите на East Gate Mall, каде што компаниите ќе имаат можност да го претстават својот бренд, да вмрежуваат и најважно да пронајдат идеални кандидати за своите отворени работни позиции.
Ова е уникатна можност за сите компании да се сретнат лице во лице со млади професионалци, студенти, но и искусни апликанти подготвени за нова кариера.
Доколку сте заинтересирани да учествувате на саемот, ве молиме да ги пополните следниве податоци и ние во најбрз можен момент би ве исконтактирале за финализирање на пријавата.