Пријава за работилница во Битола за подготовка на апликација #зелениидеи
Здружението за социјални иновации „АРНО“ објавува повик за 15 учесници на еднодневна работилница за подготовка на апликација за натпреварот „Филантропија преку зелени бизнис идеи 2019“( https://zeleniidei.mk/).

Работилницата ќе се одржи во Хотел Треф во Битола на 24-ти април (среда), со почеток во 11:00 часот.

Заинтересираните кандидати треба да го пополнат формуларот. Принципот на пријавување е прв пријавен прв услужен (додека не се пополни бројот, или најдоцна до недела (21-ри април 2019, 23:59). Првите 15 пријавени кандидати веднаш, а најдоцна до 22-ри април 2019, ќе добијат потврда за учество од страна на Слоу Фуд, Битола.


Кој може да се пријави?
Секој кој што е заинтересиран да се пријави на натпреварот „Филантропија преку зелени бизнис идеи 2019“ може преку оваа работилница да добие соодветна обука за пополнување на бизнис планот и финансискиот формулар. Бројот е ограничен (со цел поголема ефикасност) на 15 учесници на кои менторот од Асоцијацијата за Менаџмент консалтинг МКА 2000 кој ќе им помогне во индивидуалната разработка на нивните бизнис планови.

Содржина на работилницата:
На работилницата ќе ги добиете сите потребни информации за начинот на подготовка и пополнување на апликацијата. Особено ќе се задржиме на делот за подготовка на бизнис планот. Поради тоа, препорачливо е да дојдете подготвени со основните податоци за вашиот производ/услуга. На пример, најприоритетно е да имате податоци за трошоците за изработка на производите или извршување на услугите. Важно е да знаете какви набавки ќе ви бидат потребни, машини, опрема, простор и слично. Размислете околу продажбата, особено за продажната цена на производот или услугата, профилот на купувачите, начинот на промоција и продажба. Размислете и за еколошките вредности во набавката на суровини, начин на продажба, користење на чиста енергија и слично.

Благодариме на интересот.
Име *
Your answer
Презиме *
Your answer
Возраст *
Your answer
Град *
Your answer
Доколку доаѓате во име на правен ентитет (мала приватна фирма, граѓанска организација) наведете го називот.
Your answer
Електронска пошта (e-mail) *
Your answer
Телефон за контакт *
Your answer
Зошто сакате да учествувате на работилницата?(Објаснете на кратко, до 5 реченици) *
Your answer
Изјава за согласност *
Required
Submit
Never submit passwords through Google Forms.
This content is neither created nor endorsed by Google. Report Abuse - Terms of Service - Privacy Policy