Работилница фил(м)ософија со деца „Патешествието на принцот“ - ФФФ 2021
Онлајн работилница „Фил(м)ософија со деца“ со д-р Мартин Поповски

29 мај (сабота)
- 19:00, Zoom платформа (max. 10 учесници); времетраење 45 мин.
- 18:00, Zoom платформа (дополнителна група, доколку се пријават доволен број учесници, max. 10 учесници), времетраење 45 мин.

Услов за учество на работилницата е претходно гледање на анимираниот филм „ПАТЕШЕСТВИЕТО НА ПРИНЦОТ“, достапен онлајн од 22-ри до 29-ти мај во рамките на Филозофскиот филмски фестивал (ќе ви биде испратен линк). Работилницата е наменета за деца (возрасна категорија: 10-12 години).

Работилницата има за цел, низ филозофска промисла инспирирана од филмската уметност, да ги негува и развива детската вчудовиденост, љубопитноста, критичкото и творечко мислење и имагинацијата, врз база на принципот „не постои погрешен одговор“, без притоа детето да биде наведувано или да му бидат наметнувани гледишта и ставови кои самото низ својот критички апарат ги нема промислено. Овие цели се на линија со препораките на УНЕСКО која во светски рамки ја промовира филозофијата со деца како основа за интеркултурен дијалог и општествена трансформација.

Работилницата „Фил(м)ософија со деца“ ќе ја раководи д-р Мартин Поповски кој е доктор на науки од областа на филозофијата на науката, магистер од областа на методиката на наставата по филозофија и реализатор на часови по филозофија со деца во „Училница“ (платформа за едукација на деца и млади).

Тој е пионер во областа на филозофијата со деца во Македонија промовирајќи, разработувајќи и реализирајќи ја оваа идеја од 2013 година наваму. Програмата „Фил(м)ософија со деца“ како дел од Едукативниот сегмент од Филозофскиот филмски фестивал 2021г. е организирана во соработка со дистрибутерската куќа „Узенгија“, VoD платформата Cinesquare (cinesquare.net), Францускиот институт - Скопје и Платформата за едукација на деца и млади „Училница“ (ucilnica.mk).

----------------------------------

22 – 29 мај: Oнлајн проекција* за деца и родители (8+)
македонска премиера

ПАТЕШЕСТВИЕТО НА ПРИНЦОТ (Le voyage du prince / The Prince’s Voyage, 2019), 77 мин., колор,
Анимиран филм за деца, Франција / Луксембург                                                                                                                          
Режија: Жан-Франсоа Лагиони, Ксавиер Пикар (Jean-François Laguionie, Xavier Picard)

* филмот ќе биде достапен во текот на сите осум денови на платформата Cinesquare и можете да го погледнете со вашите деца во кое било време од својот дом.

Лорен, стариот принц на мајмуните, се буди на непознат брег на земјата Ниокус, на кој се насукал по бродска несреќа. Него го пронаоѓа дванаесетгодишниот Том, а неговите родители му обезбедуваат засолниште. Родителите на Том се научници во егзил: биле протерани од нивната поранешна заедница бидејќи верувале дека постојат и други мајмунски цивилизации. Принцот прво ќе биде подложен на научни испитувања, а потоа заедно со Том, ќе шетаат низ главниот град и блиската џунгла, каде што ќе откријат непознат и волшебен свет. Но, принцот ќе ги запознае и ригидните правила кои важат во тој необичен свет за него…

ПАТЕШЕСТВИЕТО НА ПРИНЦОТ е ново долгометражно остварување на водечките француски аниматори Жан-Франсоа Лагиони и Ксавиер Пикар, кои користат ликови од фантазијата за да раскажат приказна за предизвиците на светот во кој живееме. ПАТЕШЕСТВИЕТО НА ПРИНЦОТ беше конкурент за награда на Европскиот фестивал на фантастичниот филм во Стрaзбур, Франција (Strasbourg European Fantastic Film Festival) и на други фестивали на анимирани филмови и претставува филозофска приказна за целото семејство по која ќе следува Работилницата „фил(м)ософија со деца“ во рамките на едукативната програма на ФФФ.

« A thoughtful, philosophical fable […] which should readily attract those seeking animation
with sophisticated substance as well as a distinctive style. » - SCREEN

A philosophical parable in the guise of an adventure, a round-trip journey between two worlds, a reversal of perspectives between a monkey’s humanism and man’s calculating intelligence [...]. An examination of the other to discover the self. – Daniela Persico (Locarno)

Sign in to Google to save your progress. Learn more
Email *
Трејлер:
Ваше име и презиме: *
Име и презиме на вашето дете: *
Возраст на вашето дете: *
Контакт телефон: *
Електронска адреса за контакт: *
*Со пријавување на моето дете, се согласувам дека работилницата ќе може да биде следена од страна на неколку колеги (наставници и дипломци од областа на филозофијата) коишто под менторство на д-р Поповски се подготвуваат за работа во оваа област во Македонија.
Submit
Clear form
Never submit passwords through Google Forms.
reCAPTCHA
This content is neither created nor endorsed by Google. Report Abuse - Terms of Service - Privacy Policy