Форма за самоевалуација
Sign in to Google to save your progress. Learn more
DISCO-Digital Schools Contest / 2015-1-MK01-KA201-002841
Еразмус+ проектот наречен “DISCO-Digital Schools Contest”, Натпревар на дигитални училишта, со број на одобрување 2015-1-MK01-KA201-002841 со вкупно пет партнери, од Македонија: Универзитет на Југоисточна Европа Тетово и ССОУ Моша Пијаде Тетово; Од Шпанија: Inercia Digital; од Португалија: ZENDENSINO-Cooperativa de Ensino IPRL и од Турција: Pakize Kokulu Anadolu Lisesi.
Проектот содржи главни и специфични цели. Главните цели се: подобрување на клучните ИКТ компетенции и вештини и ефикасноста на учење на младите луѓе кои посетуваат училиште, преку промовирање на подобрување на квалитетот, совршенство во иновации на ниво на едукација, особено преку подобрена интернационална соработка помеѓу образованите институции, понудувачите на обуки и засегнатите страни во областа на интеграција на ИКТ во образованието (едукација и менаџмент); зголемување на потребата и подигање на свеста за Европското доживотно учење дизајнирано за дополнување на реформите во политиките на национално ниво и да ја поддржи модернизацијата на образовниот систем, особено преку зголемена дисеминација на добрите практики и соработка  и поддржувајќи го развојот на иновативни практики, подобрувајќи го квалитетот на работата на наставниот кадар и учениците, градење на капацитетите на училиштата и потикнување на стратешки партнерства помеѓу училиштата.
Специфичните цели се: развивање на програми за иницијативи за интеграција на ИКТ во образованието за да се промовира иновација, размена на искуство, добри практики и знам – како помеѓу различен тип на организации од областа на образованието; развивање на основни и трансверзални вештини во образованието, користејќи иновативни педагошки пристапи насочени кон ученикот и подобрување на интеграцијата на дигитализацијата во учењето, предавањето, на различни нивоа: поддршка на учење основано на ИКТ, како и практики за оценување основани на ИКТ.  
Поточно, поддршка на наставниците, наставниот кадар за здобивање или подобрување на примената на ИКТ во едукацијата и сродни дигитални компетенции.
За да се постигнат и исполнат овие цели, беа дизајнирани неколку интелектуални резултати и поделени помеѓу сите партнери во проектот, резултирајќи со овој прирачник чија главна цел е да биде алатка за сите наставници низ Европа, кои бараат нови иновативни начини да го задржат вниманието на младите, мотивирајќи ги и со тоа намалувајќи го бројот на ученици кои го напуштаат училиштето.

Next
Clear form
Never submit passwords through Google Forms.
This content is neither created nor endorsed by Google. Report Abuse - Terms of Service - Privacy Policy