Апликација за членство во Новинарски клуб
Радио МОФ, во рамки на проектот „Empowering youth for social engagement through media“ подржан од National Endowment for Democracy, објавува повик за членови во Новинарски клуб во Скопје.
Членовите на клубот ќе имаат можност да се здобијат со практични знаења во областа на новинарството и да работат со искусен тренер кој ќе ги води низ процесот.

Средбите на клубот ќе се одвиваат на неделно ниво во просториите на Радио МОФ во Скопје во периодот октомври 2019 година- мај 2020 година. Во овој период членовите ќе имаат можност да работат на изработка на вести, подкасти, емисии, видеа и истражувачки стории кои ќе бидат објавувани на Радио МОФ. Членството во новинарскиот клуб е бесплатно.
Пред почетокот на средбите на клубот, учесниците ќе треба да посетат тродневен тренинг каде што ќе се здобијат со практични знаења за пишување на вести, идентификување на јавниот интерес и креирање на продукт според новинарските стандарди.
Заинтересираните апликанти треба да ги исполнат следните услови:

• Да се студенти по новинарство или туку што дипломирани новинари;
• Да покажуваат интерес и разбирање за новинарство;
• Да се во можност да учествуваат на трите денови од тренингот во закажаниот термин.

Работниот јазик на средбите во клубот и тренингот ќе биде македонски.

Доколку имате прашања можете да не исконтактирате на ivona_kuzmanovska@mof.org.mk или на телефонскиот број 02/3139 692.
Име и презиме: *
Your answer
Град: *
Your answer
Возраст: *
Your answer
Контакт телефон: *
Your answer
Контакт мејл: *
Your answer
Која година сте од студиите по новинарство? Доколку сте веќе дипломирани, наведете ја годината кога сте ги завршиле студиите. *
Your answer
Која е вашата мотивација за членство во клубот? *
Your answer
Од зборовите „земјотрес“, „вчера“ и „Белград“ напишете кратка вест (максимум 150 зборови) *
Your answer
Submit
Never submit passwords through Google Forms.
This form was created inside of MOF. Report Abuse