Почитувани,
Пријавата за
учество на едукативните работилници во рамки на МТФ „Војдан Чернодрински“ –
Прилеп ја пополнува исклучиво наставник или вработен од основно/средно училиште од Прилеп.
Задолжително е одговарање на сите прашања.
Четирите селектирани училишта (две основни и две средни) ќе бидат контактирани со почетокот на учебната 2023/24 година од тимот на фестивалот. Работилниците започнуваат од ноември 2023, а завршуваат на следното издание на фестивалот, јуни 2024 година.