Повик за ученици и професори од гимназии
Во рамки на проектот „S.T.R.E.T – Пакет алатки за професори", здружението за социјални иновации „АРНО“ организира 2 настани на кои ќе се презентираат пакет алатки за професори и ќе се дискутира како претприемничкотo образование може да се надгради со нови содржини за концептите: социјално претприемништво,  филантропија и општествена одговорност на претпријатијата.
Настан 1: 26.05.2021, 16:30-18:30ч // Настан 2: 27.05.2021, 16:30-18:30ч
Локација: Скопје, (за избраните учесници дополнително ќе се извести локацијата)
 

Ние веруваме дека гимназијалците сакат да бидат дел од промените во општеството, правејќи добро. Тие се желни да бидат вклучени, да влијаат. Затоа од клучно значење е, додека ги охрабруваме да бидат идни лидери во приватниот сектор, тие истовремено да учат за моделите на социјални претрпијатија и концептот на општествена одговорност. Претприемничкото образование е многу важно и затоа АРНО напорно работи и со професори и ученици во креирањето на алатки и содржини кои ќе бидат интересни, применливи и кои градат вештини.
Ве каниме да ви ги презентираме наставните планови кои ги изработија професори од нашата земја, од Хрватска и Литванија, енерџајзери и игри за работа во групи кои ги подготвивме заедно со колегите од Белгија со кои сакаме преку креативен пристап да работиме на темата (како се наоѓа коренот на проблемот, што значи да имаш/немаш привилегии, дали мојот бизнис модел ќе функционира, како да правиме добро). Документите кои ги подготвивме сакаме да ги презентираме и да ги дискутираме со вас. Намерите е тие да бидат корисни за сите, и за професорите и за учениците, и за обучувачите од граѓанскиот сектор.  

Пријавете се и искрено пишете ни зошто сакате да бидете дел од настанот (кој ќе се одржува во мал формат поради пандемијата). АРНО ги задржува правата да го ограничи бројот на учесници и да направи селекција. Избраните учесници ќе бидат известени преку е-мејл. На избраните учесници ќе им бидат испратени и извадоци од драфт- верзијата на документите на англиски јазик,  најдоцна до 21-ви мај.
Sign in to Google to save your progress. Learn more
Име и презиме *
Од која институција се пријавуваш и во какво својство (професор по... во СУГС ; ученик во СУГС...координатор на проект во здружение....претставник од министерство/агенција/општина/приватен сектор...) *
За кој датум  се пријавуваш ? *
Контакт телефон *
E-mail адреса *
Дали си: *
Зошто сакаш да бидеш дел од настанот ? (Колку и зошто ти значи да ги има темите социјално претприемништво, општествена одговорност во гимназиско образование? Какви вештини и вредности треба да имаат младите-идните бизнис лидери? Кои ресурси и вештини им се потребни на професорите? Дали имаш свои размислувања, искуства со овие теми?) *
Доколку не си избран/а за учество  (поради ограничениот формат) дали би сакал/а да ги добиеш понатаму документите од проектот (препораките, прирачникот за професори)? Доколку да-пиши ни твоја мејл адреса.  
Изјава за согласност фотографирање
Clear selection
Напомена
Ние ставаме голем акцент на заштитата на вашите лични информации и сме обврзани да не ги споделуваме вашите податоци за маркетинг цели, ниту да ги споделуваме со други страни без ваша согласност. Во целосна согласност со новата генерална регулатива за заштита на податоците (GDPR), вашите податоци ќе се користат за единствена цел за достава на информации за настанот и/или документите од проектот.
Submit
Clear form
Never submit passwords through Google Forms.
This content is neither created nor endorsed by Google. Report Abuse - Terms of Service - Privacy Policy