Општина Битола, за првпат во 2022 година, воведе нов концепт на организација на културното лето БИТ ФЕСТ 2022, кој наиде на позитивни реакции од публиката. Со цел реализација на програма која идната година уште повеќе ќе одговори на желбите, потребите и заинтересираноста на жителите на општината, новиот повик за 2023 година, ќе биде објавен на средината на октомври 2022 година, а избраните содржини треба да понудат квалитетни настани согласно дадените предлози од јавноста.
За таа цел, Ве молиме да одвоите малку од Вашето време и да учествувате во креирањето на БИТ ФЕСТ 2023, како и во програмските содржини за Програмата за култура за 2023 година.
Анкетата е отворена до 10.10.2022