ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ Скопје Пријава за упис на ученици директно во III (трето) одделение ДЕВЕТГОДИШНО основно музичко образование (ВИОЛИНА, ВИОЛА, ВИОЛОНЧЕЛО, ПИЈАНО)
Учениците кои во редовна настава во матичното (основно) училиште следната учебна година ќе бидат III или IV одделение, а имаат познавања од солфеж и свират на некој од горенаведените инструменти, можат директно да се запишат во III одделение, но со претходно полагање испити по солфеж и инструмент според наставната програма за II одделение.За таа цел, учениците ќе полагаат испит за соодветниот инструмент со материјал според наставната програма за II одделение и испит по солфеж со материјал кој е изучуван во II одделение.

УПАТСТВО: Оваа пријава е електронска и автоматски ги праќа податоците во нашиот училишен центар. Поради тоа, пополнувањето на пријавата мора да е со кирилични букви. Пријавата ја пополнува родител на ученикот и истиот гарантира за точноста на податоците.

Внесете ја вашата е-пошта каде ќе добиете пополнет образец од пријавата како доказ дека истата е пополнета и испратена до нашиот училишен центар
Email address *
Потребни документи и важни информации
Потребни документи
На денот кога ќе се полага приемниот испит треба да се донесат и остават на комисијата следните документи:

1. Пријавата која ја пополнувате (електронски);
2. Фотокопија од извод од матична книга на родени на ученикот;
3. Потврда за редовност од матичното училиште каде што учи ученикот или од следната учебна година ќе биде запишан во прво одделение (на денот на полагање на испитот);

Важни информации:

• Во III одделение нема да бидеме во можност да ги запишеме сите ученици кои ќе се пријават. Ќе бидат запишани само учениците кои ќе го положат приемниот испит;

• Распоредот на часови не сме во можност да го прилагодиме на секој поединечно и поради тоа Ве молиме Вие да ги прилагодите сите други вонучилишни активности според распоредот на нашето училиште кој ќе биде објавен на почетокот на учебната година.

РАСПОРЕДОТ ЗА ПОЛАГАЊЕ НА ПРИЕМНИОТ ИСПИТ ЌЕ БИДЕ ОБЈАВЕН НА ВЕБ СТРАНАТА НА УЧИЛИШТЕТО ПО ЗАВРШУВАЊЕ НА ТЕРМИНОТ ПРЕДВИДЕН ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ПРИЈАВИ.

УЧИЛИШТЕТО НЕМА ДА БИДЕ ВО МОЖНОСТ ПОЕДИНЕЧНО ДА ВЕ ИНФОРМИРА ЗА ДАТУМОТ И ТЕРМИНОТ НА ПОЛАГАЊЕ ПРИЕМЕН ИСПИТ.

ЗАТОА, ВЕ МОЛИМЕ, СИТЕ КОИ ЌЕ ПОДНЕСЕТЕ ПРИЈАВА, ТАА ИНФОРМАЦИЈА САМИ ДА ЈА ДОЗНАЕТЕ ОД НАШАТА ВЕБ СТРАНА.
Ако го прочитавте текстот и ги разбравте условите за запишување во деветгодишно основно музичко образование, кликнете на NEXT.
Next
Never submit passwords through Google Forms.
This content is neither created nor endorsed by Google. Report Abuse - Terms of Service - Privacy Policy