Прашалник за нарачка на брз ХИВ-тест преку интернет  
Никогаш не било полесно и поедноставно да се направи ХИВ тест!

* Во рамките на пилот-студија што ја спроведува ХЕРА, брзиот ХИВ-тест за домашна употреба може да го нарачаш бесплатно преку интернет!
* Доверливоста е загарантирана – информациите за контакт, односно податоците за достава на тестот се бришат по испораката на тестот!
* Брзиот ХИВ-тест се прави со примерок од плунка, а резултатот од тестот се добива за 20 минути откако ќе се направи!

За да добиеш бесплатен брз тест за ХИВ за домашна употреба и за потребите на студијата во чии рамки е овозможена оваа услуга, најпрвин треба да го пополниш овој прашалник што нема да ти одземе повеќе од 5 минути.

Повратната информација дали ги исполнуваш критериумите за нарачка на тестот преку интернет ќе ја добиеш на електронската пошта за контакт која ќе ја наведеш во прашалникот. Доколку ги исполнуваш критериумите, ќе може да го подигнеш бесплатниот ХИВ-тест во Младинскиот центар „Сакам да знам“ – Водно во Скопје или, пак, ќе ти биде испратен преку брза пошта најдоцна 3 дена по пополнувањето на прашалникот, по твој избор. Во пакувањето на тестот се содржат сите инструкции за тоа како да се направи тестирањето, совети и информации за поддршка, како и упатување до соодветна здравствена установа во случај тестот да биде реактивен (позитивен).

Со користење на бесплатниот ХИВ-тест за домашна употреба, даваш согласност дека ќе испратиш повратна информација за резултатите и за задоволството од услугата за тестирањето во домашни услови, исто така за потребите на пилот-студијата. За таа цел, 7 дена по преземањето на брзиот тест, на твојата е-пошта ќе ти биде испратен втор прашалник кој ќе треба да го пополниш. За неговото пополнување, исто така, нема да ти биде потребно повеќе од 5 минути. На тој начин ќе ни помогнеш да ја унапредиме оваа услуга во иднина.

За да добиеш бесплатен брз ХИВ-тест за домашна употреба, потребно е да си дел од некоја од групите под ризик од ХИВ-инфекција која е опфатена со пилот-студијата и да ги исполнуваш следниве услови:
- да имаш најмалку 18 години;
- да немаш направено ХИВ-тест во последните 3 месеци од датумот на пополнување на прашалникот; и
- да не ти е претходно утврден ХИВ-позитивен статус.

* Доколку имаш нејаснотии или прашања во врска со пополнувањето на прашалникот, јави се на 070/227-386 секој работен ден од 12 до 18 часот.

Sign in to Google to save your progress. Learn more
1. Кој е твојот биолошки пол (со раѓање)? *
2. Како се идентификуваш по род? *
3. Како се идентификуваш според сексуалната ориентација? *
4. Колку години имаш? *
5. Место на живеење *
6. Општина на живеење *
7. Која е твојата етничка припадност? *
8. Кој е твојот социјално-економски статус? *
9. Дали практикуваш сексуални односи со мажи? *
10. Дали користиш дроги со инјектирање? *
11. Дали досега имаш направено тест за ХИВ? *
12. Дали си се тестирал/-a за ХИВ во последните 3 месеци? *
13. Ако имаш направено тест за ХИВ, каде си го направил/-a тестот?
*Можни се повеќе одговори.
14. Каков е твојот ХИВ-статус? *
15. Дали практикуваш секс за материјален надомест? *
16. Наведи ја твојата е-пошта за контакт. *
*Доколку сметаш дека е потребно, може да отвориш посебна е-пошта за контакт исклучиво за оваа намена.
17. Избери на кој начин сакаш да го добиеш комплетот за тестирање за ХИВ за домашна употреба: *
18. Доколку избра брзиот ХИВ-тест да ти се достави преку брза пошта, те молиме задолжително наведи адреса за достава и телефонски број за контакт.
*ВАЖНО: Адресата за испорака на тестот, е-поштата и телефонскиот број се целосно доверливи податоци кои ќе бидат уништени по завршувањето на целата процедура (односно, по пополнувањето на вториот прашалник за резултатите од тестот и за задоволството од услугата). Доставувачот од брзата пошта кој ќе те контактира телефонски за да ти го предаде комплетот за ХИВ-тестирање, не е информиран за содржината на пакетот.
19. Дали мислиш дека ќе ти биде потребна телефонска поддршка за брзиот ХИВ-тест додека го правиш дома? *
20. Доколку ги задоволуваш критериумите за добивање брз ХИВ-тест преку интернет, дали се согласуваш да пополниш прашалник за резултатите и за задоволството од услугата кој ќе ти биде испратен 7 дена по добивањето на брзиот ХИВ-тест? *
Согласност за обработка на личните податоци *
Политика на приватност: https://bit.ly/3wwW0xI 
Required
Submit
Clear form
Never submit passwords through Google Forms.
This form was created inside of H.E.R.A. Report Abuse