Жива библиотека-настан за подигање на јавната свест за лицата со попреченост, 19ти август, х. Манастир, Берово
Центарот за младински активизам КРИК заедно со Македонски Каритас со задоволство објавува отворен повик за заинтересирани лица за учество на настанот за подигнување на јавната свест, кој ќе се одржи на 19ти август 2026 година во хотел Манастир, Берово, во рамки на регионалниот проект CORDIAL – Создавање регионални можности за дејствување и законодавство за инклузија на лицата со попреченост.
Настанот ќе обедини лица со попреченост, претставници на граѓански организации, организации на лица со попреченост, даватели на социјални услуги и општата популација.
Почеток 10:30 регистрација
11:00-11:15 Воведно обраќање
11:15-13:00 Жива библиотека
13:00-15:00 Коктел и вмрежување
Програмата обезбедува ручек и рефундација на средствата за патни трошоци до Берово за оние кои доаѓаат од други места.