Повик за учество на Работилница за фил(м)ософија со деца - ФФФ 2022
На 26 мај (четврток) ќе се одржи работилница со проф. д-р Томас Е. Вартенберг (САД) преку онлајн платформата ZOOM.
ТОМАС Е. ВАРТЕНБЕРГ е професор емеритус по филозофија на колеџот Маунт Холиоки во САД. Неговите главни области на интерес се естетиката, филозофија на филм и филозофија со деца. Негови позначајни публикации се „Големи идеи за мали деца: предавање филозофија преку детска литература“, „A Sneetch is a Sneetch и други филозофски откритија: наоѓање мудрост во литературата за деца“, „Размислување на екранот: Филмот како филозофија“ и, од неодамна, „Размислување преку приказни: деца, филозофија и сликовници“. Тој е добитник на наградата APA/PDC за извонредност и иновации во филозофските програми за 2011 година и ја доби Мерит наградата (Merritt Prize) за 2013 година за неговиот придонес во филозофијата на образованието.
26 мај (четврток)
20:00 – 21:00 часот
ОНЛАЈН РАБОТИЛНИЦА
ZOOM платформа
Работилницата е наменета за наставници и друг образовен кадар, студенти, но и родители заинтересирани за развојот на критичката рефлексија и креативната мисла кај децата уште од најрана возраст, на линија на препораките на УНЕСКО.
На Работилницата ќе можат да присуствуваат најмногу 15 учесници.
Работилницата ќе се одвива на англиски јазик.
Потврда за учество на работилницата ќе ви биде испратена на 23 мај (понеделник).