Обуки за „Фасадер“ и „Гипсер-монтер“
Обуката е наменета за млади невработени лица на возраст од 17 до 29 години и ќе се одржува во Скопје. Повикот е отворен за лица со место на живеење во Скопје, Гостивар, Тетово, Велес, Куманово и нивните околни места. Можат да аплицираат:
- матуранти
- лица со завршено средно образование (од градежната област) без работно искуство
- лица со минимум 3 години работно искуство во градежната област

Програмата „Фасадер“ му овозможува на учесникот да стекне знаења и вештини за примена на основните техники при изведба на фасадни и внатрешни ѕидови, сите видови малтер, фасади со современи материјали, поправка на дотраени и оштетени фасади и сл. Особено внимание е посветено на едукацијата за термичка и звучна изолација при обработка на фасадните и внатрешните ѕидови, како и обука за енергетска ефикасност на објектите. Времетраење на програмата е 240 часа, од кои 75 часа теоретска обука, 155 часа практична обука во реални работни услови и 10 часа се наменети за оценување. По успешно завршување на обуката, учесникот ќе се стекне со сертификат “Фасадер”.

Програмата „Гипсер-монтер“ му овозможува на учесникот да стекне знаења, вештини и компетенции за примена на основните техники при изработка на плафони, ѕидови, облоги, сводови, декорации и сл. од гипс картонски плочи како и правилно користење на опремата и алатот на работното место. Времетраење на програмата е 180 часа, од кои 55 часа теоретска обука, 115 часа практична обука во реални работни услови и 10 часа се наменети за оценување. По успешно завршување на обуката, учесникот ќе се стекне со сертификат “Гипсер-монтер”.

Обуката е во реализација од тренинг центарот "Крафт Мастер", поддржана од Програмата за зголемување на пазарната вработливост и Милиеуконтакт Македонија како дел од проектот "Граѓански иницијативи за образование за клима и енергетска ефикасност", во реализација на Здружението Гоу Грин Скопје.

Со аплицирање на оваа обука вие станувате учесници во проектот и е потребно е да платите учество од само 2.000 денари (редовната цена на обуката е 30.000 ден.).

Крајниот рок за аплицирање е 25 мај. За дополнителни информации можете да нè контактирате на info@bidizelen.org

За учество во обуката потребно е да ја пополните следната апликација:

За која програма аплицирате – гипсер-монтер или фасадер?
Име и презиме
Your answer
Датум на раѓање
MM
/
DD
/
YYYY
Место на живеење
Your answer
E-mail адреса
Your answer
Контакт телефон
Your answer
Последен завршен степен на образование
Your answer
Дали имате претходно искуство во градежната струка? Доколку да, ве молиме наведете каде, во кој период и кои работни задачи сте ги имале.
Your answer
Дали се согласувате да ко-финансирате 2.000 ден. за да бидете дел од оваа обука?
Место за ваши прашања и коментари
Your answer
Submit
Never submit passwords through Google Forms.
This form was created inside of Bidi Zelen. Report Abuse - Terms of Service - Additional Terms