Уписи за онлајн-курсеви (Февруари 2024)
Од 05 февруари започнуваат новите кратки онлајн-курсеви со Биби и Боби. Пополнете ја формата за пријавување доколку сте заинтересирани за следење.

Ја учиме азбуката со Биби и Боби - 16 часа / двапати неделно / цена за целиот курс: 2600 денари (на две месечни рати по 1300 денари). Времетраење на курсот 2 месеци (февруари и март). Онлајн-курс преку кој децата се запознаваат со македонската азбука, препознавање на буквите и нивно правилно пишување.
Програмата трае 16 часа и се одржува двапати неделно, понеделник и среда од 17.00 до 17.30 часот. Програмата е наменета за деца од 4 до 7 години.

Бибиверзум - 32 часа / двапати неделно / цена за целиот курс: 5200 денари (на четири месечни рати по 1300 денари).
Програмата има воспитни и образовни цели и вкупно ќе се одржат 32 часа. Времетраење на курсот е 4 месеци (февруари, март, април и мај). Содржините кои ќе се изучуваат се по предметите: македонски јазик, математика, природа и општество, уметност и музика.  
Програмата трае 32 часа и се одржува двапати неделно во понеделник и среда од 18.00 до 18.30 часот.  
Програмата е наменета за деца од 4 до 7 години.

Подготовка за прво одделение -16 часа / два пати неделно / цена за целиот курс: 2600 денари (на две месечни рати по 1300 денари). Времетраење на курсот 2 месеци (февруари и  март).
Овој курс ќе им овозможи на децата да се  подготват за прво одделение. Заедно со Биби и Боби ќе учиме содржини кои се од голема важност за предзнаењата на децата кои треба да ги стекнат пред почетокот на прво одделение. Содржините кои ќе се изучуваат се по предметите: македонски јазик, математика, природа и општество, уметност и музика. 
Програмата трае 16 часа и ќе се одржува двапати неделно во вторник и четврток од 18.00 до 18.30 часот. 
Програмата е наменета за деца од 4 и 5 години.


За повеќе информации пишете ни на edukacija@svetotnabibi.mk или контактирајте нè на следниов број 078209569
Sign in to Google to save your progress. Learn more
Име и презиме на родител / старател *
Име и презиме на дете *
Возраст на детето *
Контакт број *
Е-маил *
Се пријавувам за: *
Required
Submit
Clear form
Never submit passwords through Google Forms.
This content is neither created nor endorsed by Google.