Апликациски формулар: Generation Unlimited - Младински Предизвик
Добредојдовте!
Ни претставува огромно задоволство што овогодинешниот предизвик ве инспирира и мотивира да го направите следниот чекор, пополнување на апликацијата за учество!

Пополнувањето на апликацијата треба да го направите како тим, односно, прашањата подолу се дизајнирани да ве инспирираат заеднички да креирате одговори!

Пред да започнете со пополнување, обрнете особено внимание на следните информации:

Кој може да аплицира?
-Млади на возраст од 14-24 години во тим од 3-5 учесници;
-Подготвени да креираат дигитални решенија за постоечки проблеми;
-Предизвиците им се возбуда.

Важна напомена:
Тимовите кои аплицираат треба да вклучуваат и барем еден член кој е лице со попреченост. Овие тимови ќе имаат предност во процесот на селекција. Апликации на тимови кои не вклучуваат и лица со попреченост ќе бидат земени во предвид само ако демонстрираат како предложеното решение низ тесна соработка ќе биде проверено или развиено заедно со лица со попреченост или организации/експерти кои директно работат со лица со попреченост.

Краен рок за пополнување на оваа апликација е 22 ноември 2019.

Со пријавата се обврзувате да присуствувате на:
• Пред-работилници за запознавање со предизвикот, темата и методот на работа. (29 и 30 ноември)
• Три-дневна работилницата за ко-креирање (Bootcamp) (13, 14 и 15 декември 2019)

Малолетните лица треба да добијат дозвола од родител/старател за учество на работилницата, во случај да бидат избрани.

Ако сте избрани за финансирање и менторство, се обврзувате да ја имплементирате вашата идеја, процес што ќе трае до март/април 2020.

Ако сте избрани за глобално финансирање, се обврзувате да продолжите со имплементација.

Идеи коишто веќе имаат добиено средства за развој ќе бидат дисквалификувани од учество во предизвикот.
Тимови кои имаат регистрирани друштва или оргазнизации ќе бидат дисквалификувани од учество во предизвикот.

Пред почетокот, препорачливо е прашалникот да го пополните од компјутер/лаптоп, користејќи го веб пребарувачот Google Chrome.

*Настаните во склоп на овој предизвик ќе бидат поддржани и обезбедени со пристап за пристап за лица со физичка попреченост на локациите, документи со Брајова азбука и превод со знаковен јазик.
Next
Never submit passwords through Google Forms.
This content is neither created nor endorsed by Google. - Terms of Service - Privacy Policy