III-та анкета за работна сила: сектор за попречености 2017 (Macedonia)
Групата од интерес на работната сила за развој и човечки ресурси при Европската асоцијација на даватели на услуги има за цел да промовира високи стандарди на знаење, способности, компетенции и разбирања на работната сила за социјална грижа во социјалниот сектор на ЕУ.

Ние бараме да се развие работна сила за социјална грижа, широко почитувана и квалификувана, која ќе дава услуги базирано на заедничките принципи за нега. За овој успех, ние имаме формирано од 2014 година Европска опсерваторија за човечки ресурси (ЕОЧР) во социјалниот сектор за да собира податоци за персоналот, способностите и потребите за обуки. Добиените пдоатоци можат да се користат како основа за подобро планирање за развојот на човечките ресурси и за развивање на подобри политики за вработување како на Европско така и на национално ниво.

Оваа онлајн анкета е составена од третиот годишен извештај на ЕОЧР. Љубезно ве замолуваме (асосијации на даватели на услуги, директори на организации даватели на услуги, оддели за човечки ресурси, итн.) да ја пополните оваа анкетадо 15 Јуни 2017 година. Целта на оваа е да се идентификуваат моменталните трендови и да се добие подобра слика за работната сила и за потенцијалите за создавање на работни места во секторот за лица со попреченост. Резултатите од анкетата ќе бидат објавени при крајот на 2017; тие исто така ќе имаат за цел да служат при лобирањето во ЕУ институциите како и владите на нејзините членки.
Ви благодариме однапред за вашето учество.

ЕАСПД група од интерес за развој на работна сила ичовечки ресурси

Анкетата содржи 20 прашања и би Ви биле потребни не повеќе од 10 минути за да го пополните истиот.

Next
Never submit passwords through Google Forms.
This content is neither created nor endorsed by Google. Report Abuse - Terms of Service - Additional Terms