На првиот Национален средношколски самит кој се одржа на 1.10.2022 во просториите на Економскиот факултет при УКИМ во организација на „ОДАС – Организација за дијалог и афирмација на средношколците“, на кој присуствуваа ученици и претставници на речиси сите училишта во државата, како средношколци јасно покажавме дека сакаме да бидеме активни, а не пасивни учесници во образовниот систем. Сакаме да бидеме прашани за нашите потреби и нашето мислење да биде слушнато. Притоа ги искажавме нашите предлог-решенија кои се дел од оваа Декларација.
Потпиши ја Декларацијата на средношколците за заедно да го подобриме образовниот систем доколку се согласуваш со дел или сите од предлог-решенијата.
Националниот средношколски самит 2022 е највлијателниот средношколски настан на оваа година, па биди и ти #ВОЧЕКОРСОГЕНЕРАЦИЈАТА и потпиши ја оваа Декларација!