ПРИЈАВА ЗА УЧЕСТВО: „Програма за јакнење на капацитетиза примена на Европските трендови и практики“
Коалиција на младински организации СЕГА објавува повик за учество на 10 младински организации во „Програма за јакнење на капацитети за примена на Европски трендови и практики“ во рамките на проектот „Младите и Европските вредности“.

Програмата содржи три клучни сегменти:
1. Обука за примена на ЕУ методологија за интегрирање на Европските трендови и практики меѓу младите
2. Менторство во развивање на организациски алатки за ЕУ процедури
3. Финансиска поддршка при спроведување на локални активности со млади

Заинтересираните организации може да се пријават со пополнување на оваа пријава, најдоцна до (среда) 21 февруари, 2020 година до 16.00 часот.

Само селектираните организации за програмата ќе бидат контактирани најдоцна до 27 февруари 2020 година.

*Предност во процесот на селекција за учество на обуката ќе имаат претставници на:
- организации кои доаѓаат од редот на Основните членки на Коалиција СЕГА и
- организации членки на Коалиција СЕГА
- младински организации и организации кои работат со млади

Доколку имате потреба од дополнителни информации контактирајте на е-маил: monika@sega.org.mk не подоцна од 20 февруари 2020 година.

Коалиција на младински организации СЕГА го спроведува проектот „Младите и европските вредности“ поддржан од Генерален Секретаријат на Влада на Република Северна Македонија, преку Програмата за финансиска поддршка на здруженија и фондации. Проектот има за цел да придонесе кон развиен и одржлив граѓански сектор кој адекватно ги адресира потребите на младите.
Next
Never submit passwords through Google Forms.
This form was created inside of Коалиција СЕГА. Report Abuse