Пријава за состанок за мапирање на потребите на младинските центри и лицата со попреченост
Целта на оваа активност е да се мапираат потребите на младинските центри во пет целни региони за тоа како да се вклучат лицата со попреченост во нивните локални активности и да се обучат младинските работници за работа со мешани групи на лица со попреченост и лица со типичен развој. Младинските центри се основани од општините, но водени од младински организации.
Процесот не само што ќе ги идентификува специфичните потреби на младите лица со попреченост, туку ќе ги мапира и постојните ресурси во младинските центри кои можат да се подобрат. Средбите ќе поттикнат врсничка едукација меѓу професионалци, споделување корисни практики и мапирање на локалните потреби за маргинализираните групи - поточно лицата со попреченост. Резултатите ќе бидат документирани во извештај за проценка на потребите што ќе ги води следните фази од проектот.